Девизни резерви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Девизни резерви (англиски: Foreign exchange reserves, Official reserves) ја сочинуваат странската актива која се наоѓа под контрола на монетарната власт и се наоѓа на располагање за финансирање на нерамнотежата во платниот биланс, како и за интервенција за девизниот пазар (влијание на девизниот курс) и за останати потреби.

Девизните резерви на државата во поширока смисла се состојат од девизни резерви на централната банка и девизните резерви на банките. Тие, меѓу останатото, служат за обезбедување на меѓународна ликвидност на земјата, остварување на задачите на монетарната политика и за полесен пристап на меѓународниот пазар на капитал.

Девизни резерви на централната банка[уреди]

Девизните резерви на централната банка можат да сочинуваат:

Со девизните резерви управува одборот на Централна банка.

Девизни резерви на банките[уреди]

Девизните резерви на работничките банки ги сочинуваат: ефективни пари во трезорите на банките, хартии од вредност и девизи на сметките во странство кои банките ги поседуваат.

Поврзано[уреди]