Ликвидност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ликвидност претставува способност на средствата да се продадат без да предизвикаат значајни промени на цената и со минимална загуба на вредност. Парите ,или тековните средства,се најликвидните средства, и можат веднаш да се употребат за да се извршат економски активности како што се купување, продавање, или плаќање долг, исполувајќи ги сите барања и потреби. Меѓутоа, дури и главните валути може да претрпат загуба на ликвидност кај големи случаи на ликвидација. На пример, во случаи кога би имало огромен пад на US доларските обврзници на Кина,Саудиска Арабија или Јапонија, која секој од нив има по трилиони на таквите обврзници, сигурно би влијаеле врз ликвидноста на пазарот на американски долари и на доларските деноминирани средства . Не посоти ниту едно средство кое нема ефекти на пазарот кога ќе се продаде.

Кога постои размена на помалку ликвидни средства со поликвидни средства се нарекува ликвидација. Ликвидноста се однесува и на способноста на компанијата да ги исполнува нејзините обврски за плаќање,што значи поседување на доволно ликвидни средства, и на самите средства.

Ликвидноста формално е дефинирана во многу смедковотствени режими, а во последните години е попрецизно дефинирана. На пример, Федералниот резервен систем на САД има намера да примени квантитативни ликвидни барања базирани на правилата Basel III за ликвидност, за фискалната 2012 година. Исто така ќе се бара од директорите на банки да знаат и да докажат за можни големи ликвидни ризици. Другите правила бараат диверзификација на можни ризици од другата договорна страна и стрес-тестирање на портфолио, во случај на екстремни сценарија, кои целат кон препознавање на невообичаени ситуации на пазарот на ликвидност, и избегнување на инвестиции кои практично се ранливи на непредвидени ликвидни промени.

Преглед[уреди | уреди извор]

Ликвидниот капитал може да ги има следните карактеристики. Може да се продаде брзо, со минимална загуба на вредноста, во било кое време од работните часови на пазарот. Суштинската карактеристика на ликвидностa на пазарот е дека во секое време има подготвени купувачи и продавачи. Другата дефиниција за ликвидноста е постоењето на можноста наредната размена да се изврши со цена иста на претходната. Еден пазар се смета за многу ликвиден, ако во голем квантитет има спремни купувачи и продавачи. Ова е поврзано со концептот на длабочината на пазарот, која може да се измери со единиците кои може да се продадат или купат за даденето влијание врз цените. Спротивниот концепт е оној на ширината на пазарот,која се мери според влијанието врз цената по единица на ликвидност.

Неликвидно средство е она кое не е спремно за продажба поради несигурноста за неговата вредност или поради недостигот на пазар, каде тоа средство вообичаено се тргува. Средствата поврзани со хипотека се пример за неликвидни средства,кои се покажале како такви во хипотекарната криза, бидејќи нивната вредност не е лесно предвидлива и покрај тоа што се обезбедени со недвижниот имот. Друг пример е средство како што е големиот блок на трансакции на акции, чија продажба ќе влијае врз вредноста на пазарот.

Ликвидноста на еден производ може да се измери со тоа колку често е купен и продаден тој производ; ова е познато како волумен. Често инвестициите кај ликвидниот пазар ,како што се берзата или пазарот на фјучерси, се сметаат за поликвидни отколку инвестициите во недвижен имот, базирани на нивната способност брзо да се конвертираат. Некои средства со ликвиден секундарен пазар се попрепорачливи за поседување, па така купувачите се спремни да платат и повисока цена за тие средства,отколку за слични средства без ликвиден секундарен пазар. Ликвидното дисконтирање е намалениот очекуван аутпут за таквите средства, како разликата меѓу новоиздадените американски трезорски обврзници споредени со претходно издадените трезорските обврзници на кои им останува ист период на достасување. Купувачите знааат дека инвеститорите нема да сакаат да ги купат претходно издадените обврзници,па затоа новоиздадените обврзници имаат понизок принос и повисока цена.

Шпекулантите и креаторите на пазарот се клучните придонесувачи за ликвидноста на пазарот,или на средствата. Шпекулантите и креаторите на пазарот се индивидуи или институции кои сакаат да профитираат од очекуваните зголемувања или намалувања на одредена пазарна цена. Со ова, тие го обезбедуваат капиталот потребен за овозможување ликвидност. Ризикот од неликвидност не треба да се примени само кај индивидуалните инвестиции: цели портфолија се предмет на пазарните ризици. Финансиските институции и менаџерите на средства кои ги надгледуваат портфолијата се предмет на она што е познато како „структурен“ и „контингентен“ ризик на ликвидноста. Структурниот ризик на ликвидноста, понекогаш наречен и ликвидносен ризик на финансирање, е ризикот поврзан со портфолијата на средствата за финансирање во нормалниот тек на бизнисите. Контингентниот ризик на ликвидноста е ризикот поврзан со наоѓање на дополнителни фондови или потенцијално заменување на достасани долгови , и со идни стресни пазарни услови. Кога Централната банка се обидува да влијае врз ликвидноста на парите, процесот е познат како операции на отворен пазар.

Фјучерси[уреди | уреди извор]

Кај пазарот на фјучерси не постои сигурност дека ликвидност на пазарот може да постои за ликвидирање на договор на стоки во секое време. Некои фјучерсни договори и специфични месеци на испорака имаат тенденција кон зголемување на стопанската активност и кон тоа да се поликвидни од другите. Најкорисните показатели на ликвидност за овие договори се обемот на тргување и износот на отворените позиции.

Исто така постои и темна ликвидност (dark liquidity), коja се однесува на трансакции кои се случуваат зад сцената на размената и затоа не се видливи за инвесторите се додека не се заврши трансакцијата. Тоа не придонесува за јавно одредување на цена.

Ликвидноста во банкарството[уреди | уреди извор]

Според Базелскиот комитет за банкарска супервизија, „Ликвидноста е способност да се финансираат зголемувањата на средствата и да се исполнат обврските како што достасуваат без да се направат недозволиви загуби.“[1]
Поради големата важност на ликвидноста во работењето на банките, по Глобалната финансиска криза, Базелскиот комитет воспоставил два нови показатели за одредување на потребното ниво на ликвидност на банките:

  • Показателот на ликвидносна покриеност (Liquidity Coverage Ratio, LCR), кој обезбедува банките да држат доволно висококвалитетни ликвидни средства за да го издржат акутното стрес-сценарио во траење од еден месец; и
  • Показателот на нето-стабилно финансирање (Net Stable Funding Ratio, NSFR), кој обезбедува на долгорочно стабилно финансирање на активностите на банката, преку користење постабилни извори на средства.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. M. Drehmann and K. Nikolaou, „Funding liquidity risk: definition and measurement“, BIS Working Papers No. 316, July 2010.
  2. European Central Bank, „Basel Liquidity Framework“