Црква „Св. Димитриј“ - Кривогаштани

Координати: 41°20′15″N 21°19′43″E / 41.33750° СГШ; 21.32861° ИГД / 41.33750; 21.32861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Втора кривогаштанска
Местоположба

Карта

Координати 41°20′15″N 21°19′43″E / 41.33750° СГШ; 21.32861° ИГД / 41.33750; 21.32861
Место Кривогаштани
Општина Кривогаштани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј
Изградба 1911
Завршено 19 април 1912
Живопис 1912
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Свети Димитриј — главна селска црква во прилепското село Кривогаштани, Македонија.[1]

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото Кривогаштани, на самиот регионален пат 1306. Околу црквата се наоѓаат гробишта.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена во селото Кривогаштани.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Според истражувањето на Јован Трифуноски, црквата била изградена во 1911 година. Претходно на тоа место имало остатоци од стар храм.[2] Сепак, натписот на камбанаријата на црквата покажува дека истата била изградена на 19 април 1912 година.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата има трикорабна градба, со полукружна апсида на источната страна, расчленета со три слепи ниши.[3]

Во црквата се чува мермерна надгробна плоча со релјефна претстава на две машки и две женски бисти. Горе има калкан со палмета и акротерија, а во едикулата претстава на коњаник, дете што стои на ара и десно од него жена. Под нив има старогрчки натпис во 10 реда.[4]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Живописот црквата го добила истата година кога била подигна, во 1912 година. Црквата има и женска црква – галерија.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  3. 3,0 3,1 „Црква „Свети Димитриј", село Кривогаштани“. OLDPRILEP.COM. 2011-12-29. Посетено на 2022-01-06.
  4. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 301. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]