Граешница

Координати: 40°54′0″N 21°21′0″E / 40.90000° СГШ; 21.35000° ИГД / 40.90000; 21.35000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Граешница
Граешница во рамките на Македонија
Граешница
Местоположба на Граешница во Македонија
Граешница на карта

Карта

Координати 40°54′0″N 21°21′0″E / 40.90000° СГШ; 21.35000° ИГД / 40.90000; 21.35000
Општина Битола
Население 202 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02030
Надм. вис. 612 м
Граешница на општинската карта

Атарот на Граешница во рамките на општината
Граешница на Ризницата

Граешница — село во Општина Битола, јужна Македонија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Градешница се наоѓа јужно од Битола, во близина на границата со Грција.

Историја[уреди | уреди извор]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Граешница се води како чисто македонско село[3] во Битолската каза на Битолскиот санџак со 80 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Граешница живеат 190 жители, од кои:

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 202 жители, од кои 7 Македонци, 190 Албанци и 5 лица без податоци.[6]

Родови[уреди | уреди извор]

Семејство во носии од селото Граешница (1918)

Граешница е македонско православно село, иако има и запишани муслимански жители кои се доселени од поново време. Македонските родови во селото се староседелски и доселенички.

  • Староседелски родови се: Митковци (4 к.), Ќолгановци (4 к.), Димчевци (3 к.), Цулуфкаровци (3 к.), Черговци (2 к.), Буцуковци (2 к.), Шејтановци (2 к.), Саќитковци (1 к.), Стефовци (1 к.), Скендеровци (1 к.), Анѓелевци (7 к.), Влашковци (4 к.), Чуљовци (4 к.), Дафковци (3 к.), Кузмановци (3 к.), Саријевци (2 к.), Бошковци (2 к.), Чикаровци (2 к.), Анаќијевци (1 к.), Ризовци (1 к.), Тупачковци (2 к.), Новачевци (1 к.), Тодоровци (1 к.) и Милушовци (1 к.).
  • Доселенички родови се: Марковци (2 к.) доселени се од селото Велушина, таму им се род Пашовци. Од Велушина се иселиле во XIX век; Олевци (2 к.) доселени се од Олевени, таму припаѓале на родот Стојчевци; Јанкуловци (2 к.) од Егри прешле во Жабјани, па од таму во Граешница; Цифуновци (1 к.) доселени се од Лажец; Мориовчиња (4 к.) доселени се од селото Свето Тодори, таму припаѓале на родот Ѓурчиновци, подалечно потекло од селото Трновци; Терзиовци (15 к.) доселени се однекаде; Рибаревци (4 к.) доселени се од селото Рибарци; Таловчиња (3 к.) доселени се однекаде; Верговци (2 к.) и Зозевци (1 к.) доселени се однекаде. Верговци порано се викале Крстевци, сега се викаат Верговци по баба Верга.[7]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Црквата „Вознесение Христово“

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 143 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 175 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Три семејства од родот Марковци се иселиле во Северна Америка, од родот Терзиовци има пет семејства иселено во Северна Америка и во Битола. Според податоците од 1953 година од ова село се имаат иселено преку 50 семејства во Битола, САД, Канада и Австралија.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Македонските куќи се означени како бугарски.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 13.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. 7,0 7,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  8. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]