Жабени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија се однесува на битолското село Жабени. За прилепското село, видете Жабјани. За индустриската зона, видете Индустриска зона Жабени.
Жабени
Жабени во рамките на Македонија
Жабени
Местоположба на Жабени во Македонија
Жабени на карта

Карта

Координати 40°57′59″N 21°22′0″E / 40.96639° СГШ; 21.36667° ИГД / 40.96639; 21.36667Координати: 40°57′59″N 21°22′0″E / 40.96639° СГШ; 21.36667° ИГД / 40.96639; 21.36667
Општина Битола
Население 144 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02051
Надм. вис. 585 м
Жабени на општинската карта

Атарот на Жабени во рамките на општината
Жабени на Ризницата

Жабени (албански: Zhabeni) или Жабјани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола. Во близина на селото постои голема индустриска зона.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Жабени се наоѓа во јужниот дел на Општина Битола, во рамнината Пелагонија, поточно во Битолско Поле. Селото се наоѓа недалеку од десната страна на патот Битола - Меџитлија на 12 км јужно од Битола. Селото во XIX век е преместено од првичната позиција поради инцидент со турските даночници. Селото е рамничарско на надморска височина од 585 м. Атарот е мал и зафаќа простор од 3,9 км2.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Жабени било христијанско село во рамките на Битолската каза на Отоманското Царство. Се наоѓало под црковно-пропагандно влијание на Цариградската патријаршија. Во регионот на селото биле активни четите на ВМОРО, а родум од селото е курирот Јосиф Петков (познат и како Јосиф Жабјанец), кој покрај тоа што е познат по своите придонеси за Организацијата, е познат и по тоа што на почетокот од 1902 бил фатен и измачуван од отоманските власти, кои го натерале да предаде многу свои соборци.

За време на Втората светска војна во селото биле активни одреди на НОБ.

До 2004 година, Жабени било во составот на веќе непостоечката Општина Бистрица (се наоѓало во централниот дел на оваа општина).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Видете: Индустриска зона Жабени.

Во селото најзастапено е полјоделството. Обработливото земјиште зафаќа 269,1 хектари, пасиштата зафаќаат 53,6 хектари, додека шумите зафаќаат само 6,4 хектари.

Во близина на селото, на три километри од границата со Грција, до патот М5, е изградена индустриската зона Жабени, капитален проект за привлекување на странски инвестиции, на површина од 85 хектари, која етапно треба да прерасне во индустриски град од 225 хектари. За таа цел, од буџетот биле одвоени 1,5 милиони евра за поставување на потребната инфраструктура на зоната (електрификација, водовод, канализација, патни пристапи). Заклучно со ноември 2014 година, во индустриската зона имало откупено 48 парцели од страна на 28 странски инвеститори.[2][3] Оваа инвестиција се смета значајна за економското заживување на целиот битолски регион.

Сè до грчкото вето за влезот на Република Македонија во НАТО на самитот во Букурешт, многубројни парцели од атарот на Жабени биле предмет на купопродажба на грчки стопанственици.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948335—    
1953338+0.9%
1961449+32.8%
1971554+23.4%
1981634+14.4%
ГодинаНас.±%
1991223−64.8%
1994193−13.5%
2002178−7.8%
2021144−19.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Жабени живееле 340 жители, од кои 240 Македонци и 100 Албанци.[5]

Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Жабени имало 200 Македонци, патријаршисти.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Жабени се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 16 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]

Жабени е село со негативен природен прираст. Во 1961 година бројот на жители изнесувал 449 (426 Македонци и 16 Албанци). Во 1994 година бројот се преполовил на 193 жители — 152 Албанци и 41 Македонец. Според пописот во 2002 година, бројот на жителите повторно се намалил на 178, од кои 30 Македонци, 143 Албанци и 5 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 144 жители, од кои 14 Македонци, 120 Албанци и 10 лица без податоци.[10]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[11]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 335
1953 326 11 ... 1 338
1961 426 15 2 ... ... 4 ... 2 449
1971 475 69 ... 5 ... 5 554
1981 404 223 ... 7 634
1991 52 170 ... 1 223
1994 41 152 ... 1 193
2002 30 143 5 178
2021 14 120 10 144

Родови[уреди | уреди извор]

Жабјани е македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:

Македонски

  • Староседелци: Наумовци (2 к.), Ѓеријовци (2 к.), Гроздановци (7 к.), Дафковци (7 к.), Котовци (6 к.) и Лукаровци (1 к.) сите порано живееле во старото село Жабјани.
  • Доселеници: Перосановци (4 к.) потекнуваат од селото Добрушево. Од таму се иселиле во селото Средно Егри, па некој предок прешол во Жабени; Димовци (10 к.) потекнуваат од предокот Наум кој се доселил од селото Породин; Дивановци (1 к.) доселени се од селото Лознани; Капларовци (1 к.) доселени се во турско време од селото Црничани; Талевци (1 к.) и Дојчиновци (3 к.) доселени се од селото Могила; Гавриловци (1 к.) потекнуваат од селото Клење во Голо Брдо. Од таму во 1913 година прешле во селото Гермијан. А во 1924 во селото Жабјани. Имаат роднини во селото Лабуништа и во Белград. Во Клење се викале Пајковци; Котевци (1 к.) доселени се во 1917 година од селото Орехово; Доневци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Бач; Илијевци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Драгош; Неделкоски (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Клење во Голо Брдо. Таму биле роднини со споменатите Гавриловци; Илијевци (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Неокази кај Лерин; Ванѓеловци (1 к.) доселени се во 1938 година од селото Пустец во Мала Преспа. Таму имаат роднини; Димитровски (1 к.) доселени се после Втората светска војна од селото Кономлади кај Костур.

Албански

  • Доселеници: Усејин (1 к.) доселени се во 1948 година од селото Кишава; Нијази (1 к.) доселени се во 1951 година исто така од селото Кишава.[12]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Основно училиште до IV одделение
  • Дом на културата

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

За време на избори се гласа во училиштето.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 148 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 156 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Атанасиј“
Цркви[15]
Археолошки наоѓалишта

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Постари македонски иселеници има во Велушина (Камбовци), Лажец (Жабјанци), Оптичари (Павлеви), Средно Егри (Јованови).[12]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Митко Панов, Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија: Скопје, 1998, стр. 122-123.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. EGO: Битола ја подготвува: Индустриската зона “Жабени“
  3. „Во Жабени ќе се гради нов фабрички погон“, Дневник, година XVIII, број 5607, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 8.
  4. Дневник: Пограничната соработка стагнира - Битола не е во агендата на грчките стопанственици
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 13.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
  17. Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање, Београд, 1998.