Логоварди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логоварди
Логоварди во рамките на Македонија
Логоварди
Местоположба на Логоварди во Македонија
Логоварди на карта

Карта

Координати 41°1′46″N 21°24′41″E / 41.02944° СГШ; 21.41139° ИГД / 41.02944; 21.41139Координати: 41°1′46″N 21°24′41″E / 41.02944° СГШ; 21.41139° ИГД / 41.02944; 21.41139
Општина Битола
Население 577 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02071
Надм. вис. 563 м
Логоварди на општинската карта

Атарот на Логоварди во рамките на општината
Логоварди на Ризницата

Логоварди — село во крајниот источен дел на Општина Битола чиј атар се допира со подрачјето на Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Логоварди се наоѓа во Битолското Поле, оддалечено 7 километри источно од градот Битола.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948740—    
1953902+21.9%
19611.079+19.6%
19711.156+7.1%
19811.272+10.0%
ГодинаНас.±%
19911.051−17.4%
1994744−29.2%
2002699−6.0%
2021577−17.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Логоварди живееле 420 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Логоварди имало 480 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Логоварди (Чекркчи) се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 66 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 Логоварди брои 699 жители, од кои 696 Македонци, 1 Србин и 2 останати:[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 577 жители, од кои 541 Македонец, 1 Албанец, 8 Турци, 2 Срби и 25 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 420 480 740 902 1.079 1.156 1.272 1.051 744 699 577
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Логоварди е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.

  • Стари родови со непознато потекло се: Ласковци (6 к.), Ѓоргијовци (5 к.), Шишковци (7 к.), Тикваровци (4 к.), Кежовци (3 к.), Станоовци (1 к.) и Врџовци (1 к.). Последниот род е гранка на Ласковци.
  • Родови доселени до 1912 се: Џумковци (13 к.) доселени се од селото Чумово; Ресуловци (6 к.), Коџобашовци (4 к.), Поповци (3 к.) доселени се од селото Рибарци; Беловолновци (3 к.) доселени се од соседното Новаци; Шелеменковци (2 к.) доселени се од Шелеверци; Паламидовци (4 к.) и Мајсторовци (4 к.) доселени се од Црничани; Јадилебовци (3 к.) доселени се од Добрушево; Воѓановци (1 к.) доселени се од Воѓани; Рокановци (2 к.), Дамевци (3 к.) и Чорбевци (1 к.) доселени се од Карамани; Соклевци (2 к.) доселени се од Путурус, во Путурус припаѓале на родот Џековци кои се доселиле во Путурус од некое село во леринско; Чекутковци (2 к.) доселени се од Дедебалци; Спировци (1 к.) доселени се од Трн; Еќимовци (2 к.), Зафировци (3 к.), Ѓешовци (4 к.), Јосковци (2 к.), Шарковци (1 к.), Сугаревци (1 к.), Оџовци (4 к.), Пановци (2 к.), Колевци (1 к.), Базгало (1 к.), Писовци (4 к.), Коларовци (1 к.), Калешковци (1 к.), Калпаковци (3 к.), Бабаџовци (3 к.) Љанговци (3 к.) и Преспаковци (1 к.) за сите овие родови старината е непозната.
  • Родови доселени помеѓу двете светски војни: Данаиловци (4 к.), Поповци (1 к.), Николовци (1 к.), Василевци (1 к.), Дуковци (1 к.) и Димовци (1 к.) доселени се од селото Мренога во Железник; Тајшија (1 к.), Китановци (1 к.) и Љупевци (1 к.) доселени се од охридското село Скребатно; Доленчанци (1 к.) доселени се од селото Доленци во Железник; Вардинци (1 к.) доселени се од селото Вардино во Железник; Анаќијевци (1 к.) и Апостоловци (1 к.) доселени се во 1943 од селото Мраморец во Дебрца, таму припаѓале на родовите Перовци и Пејчиновци.[13] Козичанци (1 к.) доселени се од кичевското село Козичино; Беличанци (1 к.) доселени се од селото Белица во Копачка.[14]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 137 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 558 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[17]
Археолошки наоѓалишта

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 13.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Русиќ, Бранислав. Дебарца. Ману фонд “архив на Бранислав Русиќ„.
  14. 14,0 14,1 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678 стр. 175-176
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. 18,0 18,1 18,2 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. ВО СИДНЕЈ – СЕ ВРАТИ БЛАГОЈА ПОПОВСКИ. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-03-17.
  20. проф. д-р Вангел Стефановски. Архивирано од изворникот на 2017-07-24. Посетено на 2014-03-17.
  21. ПОСЛЕДЕН СОСТАВ 1991-1994: Ѓорѓи Котевски
  22. СОСТАВ 1998-2002
  23. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 94.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]