Раштани (Битолско)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Раштани | |
| Координати | |
| Општина | Општина Битола |
| Население | 396 |
| Надморска височина | 780 |
Раштани е село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
| Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Содржина |
Географиja и местоположба[уреди]
Раштани е село во составот на Општина Битола, на 4 километри оддалеченост од градот. Поради својата близина со Битола селото припаѓа во нејзината рурална зона. Раштани е ридско село и лежи на надморска височина од 780 метри. Атарот зафаќа површина од 5 km².
Историja[уреди]
Во 19. век, Раштани беше село во битолската каза на Османската Империја. Според статистиката на Васил Кнчов од 1900 година, Раштани имало 90 жители, сите Македонци христијани.
Според Димитар Мишев, во 1905 година во Раштани имало 120 Македонци.
Економија[уреди]
Раштани има изразито полјоделско - сточарска функција. Обработливото земјиште зафаќа 142 ha од селскиот атар, а на пасиштата отпаѓаат 314 хектари. Од полјоделските култури застапени се житото (пченицата и јачменот), шеќерната репка (сé повеќе се намалува застапеноста во последниве години) и индустриски култури, а од сточарството се одгледува крупна стока.
Демографија[уреди]
Иако Раштани спаѓа во групата на мали села според бројот на населението, тоа бележи пораст на бројот на своите жители. Така, од 187 жители во 1961 година, бројот се зголемил на 264 жители во 1994 година, од кои 261 се Македонци и 3 се Власи. Според пописот од 2002 година, селото Раштани повторно бележи пораст, и брои 396 жители, од кои 391 Македонци, 3 Власи и 2 останати.
Општествени институции[уреди]
Иако Раштани спаѓа во групата на мали села според бројот на населението, тоа бележи пaд на бројот на своите жители. Така, од 187 жители во 1961 година, бројот се намалува на 100 жители во 1994 година, Во денешно време с.Раштани има околу 40 жители.
Администрација и политика[уреди]
Културни и природни знаменитости[уреди]
Редовни настани[уреди]
Личности[уреди]
Култура и спорт[уреди]
Иселеништво[уреди]
Надворешни врски[уреди]
|
|||||||||||