Оптичари е село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географиja и местоположба[уреди]
Оптичари се наоѓа во јужниот дел на плодното Битолското Поле, на територијата на Општина Битола. Селото е рамничарско, на надморска височина од 578 метри. Од градот Битола е оддалечено 12 км. Атарот зафаќа простор од 16,7 км2. Обработливото земјиште зафаќа површина од 1.530 ха, а 140 ха се под пасишта. До селото има асфалтиран пат. Изграден е водовод за снабдување на населението со чиста и здрава вода за пиење.
Првиот пишан помен за Оптичари е од периодот меѓу 1650 и 1750 година.[1] Во 1912 година тука се затекнати 40 македонски домаќинства, од кои половината биле чифчии, а половината рајати. Таа година чифлици имале: Мемиш-ага, Шаќир-ага, Идриз-бег, Рифан-ефенди, Абдула, Малик, Салија и Рашид, сите од Битола.[1] По 1912 година, земјата била разделена на жителите по основа на аграрната реформа.[1]
Економија[уреди]
Демографија[уреди]
Општествени институции[уреди]
Администрација и политика[уреди]
Културни и природни знаменитости[уреди]
Редовни настани[уреди]
- Ицо Најдовски - австралиски научник и активист на македонската заедница во Австралија.
- Благоја Нешковски (Бил Нешковски) (1964 - 1989), австралиски режисер и актер.
Култура и спорт[уреди]
Во Оптичари постои Фудбалски клуб „Младост“.
Иселеништво[уреди]
Надворешни врски[уреди]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). „Битољско-прилепска котлина“. Српска академија наука и уметности. стр. 185.
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Седиштето на општината е во задебелени букви. Селата во закосени букви се иселени.
|
|