Чифлик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Цртеж ма Али Паша од Јанина како пуши луле
Али Паша Јанински, еден од најпознатите управувачи на чифилизи.

Чифлик (Отомански турски: Çiftlik; Албански: çiflig, грчки: τσιφλίκι), е турски поим за означување на систем за управување со земјата во отоманската империја. Пред системот на чифлици, во империјата се користел тимарскиот систем. Со почетокот на распадот на империјата, силните воени офицери започнале да бараат земјиштето кои им било доверено на управување од султанот да премине во разцете на нивните синови. Овој систем траел од 16. век па се до распадот на отоманската империја во 1919 година.

Историја[уреди]

Во отоманската империја пред чифлишкиот систем на управување со териториите во примена бил тимарскиот систем, кој овозможувал времено владеење со освоените територии и прибирање на даноците од поданиците и приходите од обработливото и необработливото земјиште за сметка на отоманската држава, што претставувало подарок на заслужните офицери во армијата. Ако офицерот починал или се откажал од служба тоаш земјиштето се вражало назад во посед на султанот со цел да се распредели на друго лице. Тимарскоиот систем се применувал од 14. до 16. век. Во 1528 година повеќе од 87% од земјиштето официјално му припаѓало на султанот, остатокот бил во посед на разни религиозни организации.[1] Меѓутоа овој систем функционирал се додека се освојувле нови територии како напредувала отоманската армија во освојувањето. Кога освојувањата запреле во Европа и кога империјата почнала да губи територии, тимарскот систем доживеал колапс.[2]

Претходно, во тимарскиот систем, поданиците живееле во релативно либерален систем. Во чифлишкиот систем, поданиците биле обични слуги, исполичари, морале да слугуваат многу денови кај чифлигџиите, голем процент од приносите на нивните имоти биле одземани. Тоа довело до миграција на поданиџите надвор од контрола на чифчијата или високо во планините каде што чифчиите немале голема контрола и авторитет.[3] Новиот опресивен систем довел и до зголемена подршка на националните востанија против отоманското ропство на повеќе места на балканот.[4]

Литература[уреди]

Белешки
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Bideleux-Jeffries_p._88.
  2. Lampe-Jackson 1982, p. 33.
  3. Wagstaff 1978, стр. 305
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Jusdanis_p._19.
Референци
  • Bideleux, Robert; Jeffries, Ian. „A history of eastern Europe: crisis and change“ (when издание). Routledge. ISBN 0-415-16111-8.  - Total pages: 685
  • Jusdanis, Gregory (1991). „Belated modernity and aesthetic culture: inventing national literature“ (1991 издание). University of Minnesota Press. ISBN 0-8166-1980-8.  - Total pages: 207
  • Lampe, John R.; Jackson, Marvin R.. „Balkan economic history, 1550-1950: from imperial borderlands to developing nations“ (when издание). Indiana University Press. ISBN 0-253-30368-0.  - Total pages: 728
  • Özel, Oktay (1999). „Limits of the Almighty: Mehmed II's 'Land Reform' Revisited“. „Journal of the Economic and Social History of the Orient“ (Brill) 42 (2): 226–246. 
  • Wagstaff, J. M. (1978). „War and Settlement Desertion in the Morea, 1685-1830“. „Transactions of the Institute of British Geographers3 (3): 295–308. ISSN 0020-2754.