Тимар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Тимар претставува имот со приход до 19.999 акчиња (османлиски сребрени пари). Турските паши на своите офицери со царски берати им давале на управување тимари на определени места. Управителите на тимарите, спахиите, имале право да ги собираат сите даноци од доделеното земјиште задржувајќи за себе одреден дел. Со приходите од тимарите, спахиите заработувале за својата издршка, вклучително и трошоците за своето вооружување. Спахијата бил должен да учествува во воените походи на турската армија со вооружени коњаници, по еден на секои 3.000 акчиња приход на својот тимар. За посебни заслуги, процентот кој го земал спахијата од вкупните приходи можел и да се зголеми. Тимарот најчесто се доделувал во замена за извршување на воена должост, односно како воено лено со ограничено наследно право, колку биле поголеми приходите толку биле поголеми и обврските кон државата. Понекогаш некои тимари се доделувале на невоени лица, кој влегувале во владеачката османлиска класа, понекогаш кадиите, преставници на османлискиот судски систем добивале тимари за извршување на своите должности.

Тимарски систем[уреди]

Во Отоманската империја, тимарскиот систем овозможувал планираниот приход на освоените територии да се дистрибуира во форма на подарок за времено располагање помеѓу спахиите и другите офицери во армијата, како што се јаничарите и кулаците. Во ретки случаи можно било и жена да управува со тимар, се разбира тоа важело за жени кои биле значајни во царската фамилија или биле високо рангирани во отоманската елита.[1]

Уживателот на тимарот имал право на контрола на обработливото земјиште, имотите на поданиците, необработливото земјиште, овошките, шумите и водите на територијата на тимарот кој го добил од државата на користење.[2] Спахијата или другите лица кои добиле на користење тимар, можеле да ангажираат други луѓе за собирање на даноците, имале право да задржуваат дел од прибраниот данок за свои потреби, биле одговорни за надгледување на територијата на тимарот и начинот на кој се обработувало земјиштето во посед на поданиците. Уживателот на тимарот можел да биде награден ако добро управувал со тимарот но исто така можел да биде и казнет ако лошо управувал со тимарот. Корисникот на тимарот имал авторитет да казнува и апси прекршители на јавниот ред и мир на територија која му била доделена од државата, со претходна согласност од локалниот судија (кадија). Уживатело на тимарот имал должност да ги штити поданиците и лицата на својата териоторија и да се придружи на царската армија за време на воените походи. Корисникот не бил сопственик на тимарот.

Тимарот бил мириска земја, односно во сопственост на османлиската држава, мириската земја не можеле да се наследува ниту да се продава. Тимарот можел да премине во користење од татко на син, меѓутоа новиот корисник требало да биде запишен во османлискиот дефтер со сите права и обрврски кон државата, ако не ги исполнел обврските го губел тимарот, а тој се доделувал на друго лице.

Тимар[уреди]

Тимарот најчесто не преставувал компактна територијална целина, тој се состоел од земји кои се наоѓале во различни области, оваа мерка на османлиската власт имала за цел да го спречи спахијата да создаде силна лична власт врз тимарот, да ја злоупотреби својата положба преку собирање на разни давачи, да го отуѓи тимарот, односно да го претвори во личен посед [3].

Тимарот се состоел од рајатска земја и хас земја. Рајатската земја им била доделувана на зависните селани, доколку рајатската земја му била деделена на муслиманин таа се нарекувала чифлик, а доколку ја користел христијанин таа се иманувала како баштина. Рајатската земја можела да се наследува, заменува, отстапува и продава на друг рајатин, меѓутоа со претхода согласност на спахијата, откако новиот коирсник на рајатската земја ќе ги презел врз себе сите обврски на претходниот корисник [4].

Хас земјата бил доменот на спахијата, која била лично ползувана од него. Оваа земја се состоела од ливади, лозја и млинови кои биле обработувани со ангарија од страна од рајата која живеела на тимарот на спахијата. со текот на времето бројот на хас имотите се намалувал и за време на владеењето на Сулејман Величествениот станале безначајни.

Литература[уреди]

  • Gwinn, Robert P, Charles E. Swanson, and Philip W. Goetz. The New Encyclopædia Britannica.vol. 8, 11, 10. London: Encyclopædia Britannica, Inc., 1986
  • Goffman, Daniel. The Ottoman Empire and Early Modern Europe. Cambridge: Cambridge University, 2007
  • Inalcik, Halil. An Economic and Social history of the Ottoman Empire 1300–1914.Cambridge: Cambridge University Press, 1994
  • Inalcik, Halil. “Ottoman Methods of conquest.” Studia Islamica. 2 (1954): 103–129
  • Lewis, Bernard. “Ottoman Land Tenure and Taxation in Syria.” Studia Islamic. (1979), pp. 109–124
  • Murphey, Rhoads. “Ottoman Census Methods in the Mid-Sixteenth Century: Three Case Histories.” Studia Islamica. (1990), pp. 115–126
  • Ozel, Oktay. “Limits of the Almighty: Mehmed II’s ‘Land Reform’ Revised.” Journal of the Economic and Social History of the Orient. 42 (1999), pp. 226–246
  • Reindl-Kiel, Hedda. “A Woman Timar Holder in Ankara Province during the Second of the 16th Century.” Journal of the Economic and Social History of the Orient. 40 (1997), pp. 2007–238
  • Wiesner-Hanks, Merry E. Early Modern Europe 1450–1789. Cambridge: Cambridge University Press, 2006

Поврзано[уреди]

Референци[уреди]

  1. Reindl-Kiel, 208
  2. Inalcik (1994) 114
  3. J. Hammer, eschichte des Osmanischen Reiches in Europa, Pest 1827-35
  4. Историја народа Југославије, том други, Београд, 1958