Белград (Албанија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Берат)
Прејди на: содржини, барај
Белград
Berat
Mестоположба
Општи податоци
Име
- изворно
Белград
  Berat
Портал http://www.bashkia-berat.net/
Управа
Земја  Албанија
Градоначалник Фадил Насуфи (Партија на социјалистите)
Географија
Население
Белград.

Белград или Берат (албански: Berat; турски: Belgrad) е град во јужно-централна Албанија и центар на истоимената околија. Според податоците од 2003 г. во него живеат околу 45.500 жители.

Историја и име[уреди]

Се смета дека Берат/Белград е еден од најстарите градови во Албанија формиран уште во 6 век п.н.е. како илирска населба. Во 2 век п.н.е. градот паднал под римска власт и бил познат под името Антипатреја. Во византискиот период бил познат како Пулхериополис сè до 13 век кога паднал под бугарска власт, а подоцна и под српска. Белград бил под духовна јуриздикција на Охридската Архиепископија. Најпознатиот доцновизантиски историчар и Хроничар Никифор Глигора градот Белград/Берат го преставува како македонски град и Македонците во делото на Никифор Григора|Македонија и Македонците во делото на Никифор Григора.Во 1450 година градот паднал под Отоманско владеење и останал под отоманска власт сè до 1912 година кога за прв пат се создава албанска држава. Но, и покрај отоманската власт, во 1809 година градот го зазел под своја контрола и се утврдил во него Али Паша кој имал албанско потекло, а во 1867 Белград станал санџак во Јанинскиот вилает. Во текот на 19 век во Белград се случувале битни настани поврзани со албанската национална преродба. Тој станал база за поддршка на Призренската лига, а во ноември 1944 година во Берат била прогласена привремената влада од страна на Антифашистичкиот народно-ослободителен совет на Албанија со што започнал и диктаторскиот комунистички режим на Енвер Хоџа.

Градот е преполн со стара архитектура и е познат како "Градот на илјада прозорци" поради големите прозорци кои ги красат куќите. Градот е испреплетен со муслимански и христијански градби. Во него се наоѓа џамија која датира од 15 век, како и бројни цркви кои пропаѓаат на Албанската православна црква чијашто автокефалност била прогласена во 1922 година во Берат.