Берзити

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Берзити (Брсјаци, Верзити) се словенско племе кое прв пат се споменува под името Верзети или Велегезети во „Чудата на свети Димитрија“, а во врска со една од опсадите на Солун. Во 799 год. словенскиот кнез Акамир заедно со Хеладиките (домашните Грци) прави заговор против византиската царица Ирина. Акамир во тоа време бил независен словенски архон на областа Верзетиjа, а која се наоѓала во Тесалиjа. Присуство на словенски племиња во Тесалија е потврдено и со археолошки наоди од VII-IX век, каде се присутни и голем броj рани словенски топоними.

Потекло на Берзитите[уреди]

Берзитите, како и сите Словени во Македонија припаѓаат на јужната словенска група тнр. Склавини. Баварскиот географ Geographus Bavarus од 9 век ги забележува Берзитите/Верзитите како Vereziti и ги населувале областите на денешна источна Германија, западна Чешка и југозападна Полска, поточно меѓу градовите БауценЕрфуртПрага — Краков.[1] Во 9 век Берзитите се уште постоеле како засебен етнос во централна Европа и таму имале 10 градови (Verizane ciuitates X).

Берзитите[уреди]

Берзитите заедно со домородното македонско население формирале во 7 век Склавинија т.е. кнежевство.[се бара извор] Познатиот хроничар Теофан Конфесор[2] спомнува дека Берзитите, како вазали плаќале данок прво на Византија, а од 9 век данокот го плаќале на Бугарија.

Белешки[уреди]

  1. Descriptio civitatum et regionum ad septentrionalem plagam Danubii, Geographus Bavarus
  2. Theophanes, ibid., p, 447,10–13