Новаци
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Новаци | |
| Координати | |
| Регион | Битолско Поле |
| Општина | Општина Новаци |
| Население | 1.283 |
| Надморска височина | 576 |
| Селска слава | Св. Атанасиј Летен |
Новаци е едно од најголемите села во Битолската област и Битолското поле. Селото се наоѓа во средишниот дел на Битолското поле и претставува седиште на истоимената општина. Лежи на патот што води од Битола преку Селечка Планина за битолскиот дел на Мариово.
Содржина |
Географиja и местоположба [уреди]
Новаци е рамничарско село и лежи на надморска височина од 576 метри, а од градот Битола е оддалечено 11 километри. Селото има карактеристична полјоделска функција, поради тоа што неговото население се занимава главно со земјоделие (одгледување жито). Во близина на Новаци се наоѓа најголемата Македонска термо-електрана РЕК Битола и фабриката ФОД Новаци па еден дел од населението е вработено и во овие идустриски капацитети. Во Новаци работат осумгодишно училиште, ветеринарна станица, земјоделска задруга, пошта и амбуланта-ПЗУ Др Даскал (телефон: ++38947282070)
Историja [уреди]
Според кажувањата на постарите новачани, на сегашната територија на Новаци многу години на назад се простирала огромна бара, при што тој дел не бил воопшто населен. Со повлекувањето на водата од барата тука се појавила плодна почва при што голем број луѓе почнале да се доселуваат во овој дел. Името Новаци доаѓа од првиот жител на оваа територија Новак, кој со својата фамилија се доселил на тие простори.
Економија [уреди]
Демографија [уреди]
Новаци е село со позитивен популациски биланс (зголемување на бројот на жителите) и брои 1 278 жители, сите Македонци.
Општествени институции [уреди]
Противпожарна станица, Полициска станица, Амбуланта, Пошта, Основно училиште.
Администрација и политика [уреди]
Културни и природни знаменитости [уреди]
Редовни настани [уреди]
Личности [уреди]
Култура и спорт [уреди]
ФК Новаци, оформен 1956 година. Долг период игра во 2 МФЛ (Втора Македонска Фудбалска Лига). Во 2006 година клубот испаѓа во 3 МФЛ (Трета Македонска фудбалска Лига) и само по две сезони (2008 год.) Новаци успева да ја продолжи традицијата и повторно се враќа во 2 МФЛ.
Иселеништво [уреди]
| Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

