Сливица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сливица

Поглед на селото од регионалниот пат 1311

Сливица во рамките на Македонија
Сливица
Местоположба на Сливица во Македонија
Сливица на карта

Карта

Координати 40°58′0″N 21°36′0″E / 40.96667° СГШ; 21.60000° ИГД / 40.96667; 21.60000Координати: 40°58′0″N 21°36′0″E / 40.96667° СГШ; 21.60000° ИГД / 40.96667; 21.60000
Регион  Пелагониски
Општина  Новаци
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7225
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02108
Надм. вис. 610 м
Сливица на општинската карта

Атарот на Сливица во рамките на општината
Сливица на Ризницата

Сливица — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Името на селото доаѓа од богатството на сливови стебла.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Жена полни вода од чешмата во Сливица за време на Првата светска војна

Ова мало село се наоѓа на крајниот југоисточен дел на Битолското Поле, во јужниот дел на територијата на Општина Новаци, недалеку од регионалниот пат 2338, кој води за битолско Мариово, долж долината на Црна Река.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 610 метри. Од градот Битола е оддалечено 29 километри,[3] додека од општинското средиште Новаци е оддалечено 21 километар.[2]

Селото се наоѓа во долината на Црна Река, југоисточно од Битола.

Историја[уреди | уреди извор]

Американски новинар Херберт Кори во специјалното издание на списанието „Национална географија“ насловено „По патот кон Битола“, напишал за исповед на македонски селанец од селото Сливица, кој сведочел за суровоста на бугарската војска при бесењето на македонски поп за време на Првата светска војна.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 12 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 792 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 346 хектари, додека шумско земјиште нема.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948204—    
1953232+13.7%
1961282+21.6%
1971263−6.7%
1981142−46.0%
ГодинаНас.±%
199113−90.8%
19946−53.8%
20023−50.0%
20210−100.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сливиа живееле 230 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Сливица имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сливица се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 22 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Селото е мало, во фаза на наполно раселување и е населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 282 жители, а во 1994 година бројот се намалил на само шест жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Сливица живееле 3 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 230 160 204 232 282 263 142 13 6 3 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Иселеништво[уреди | уреди извор]

Бројот на иселеници од селото е над 200 жители. Најголем дел е иселен во градот Битола, битолските села, како и во прекуокеанските земји.[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Сливица било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Бач.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Бистрица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел на тогашната Општина Бач, во која покрај селото Сливица, се наоѓале и селата Бач, Брод, Велесело, Гермијан, Гнилеш, Добровени, Живојно, Полог, Скочивир и Совиќ. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Брод, во која влегувале селата Брод, Добровени, Полог, Скочивир и Сливица.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0174 според Државната изборна комисија, сместено во простории на продавница во селото Скочивир. Во избирачкото место се опфатени населените места: Сливица, Полог и Скочивир.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 36 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[17]
  • Галиќ — населба од неолитско време.
Цркви[18]
Воени гробишта

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-12-01. Посетено на 2021-12-02.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 272. Посетено на 2 декември 2021.
  4. Macedonia, Analitikum (2021-04-14). „НАЦИОНАЛНА ГЕОГРАФИЈА, од 1917 година репортажа за Битола и жена која се претставува како Македонка“. Аналитикум. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 2021-12-02.
  5. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с. 237
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 13.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Локални избори 2021“. Посетено на 30 ноември 2021.
  17. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 42. ISBN 9989-649-28-6.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]