Ивени

Координати: 41°02′35″N 21°38′30″E / 41.04306° СГШ; 21.64167° ИГД / 41.04306; 21.64167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ивени
Ивени во рамките на Македонија
Ивени
Местоположба на Ивени во Македонија
Ивени на карта

Карта

Координати 41°02′35″N 21°38′30″E / 41.04306° СГШ; 21.64167° ИГД / 41.04306; 21.64167
Општина Општина Новаци
Област Мариово
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02057
Надм. вис. 817 м
Ивени на општинската карта

Атарот на Ивени во рамките на општината
Ивени на Ризницата

Ивени — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено на источните падини на Селечка Планина, источно од Битола, во областа Мариово.

Историја[уреди | уреди извор]

Прва светска војна: враќање на бегалци во разрушеното село Ивени.

Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948145—    
1953321+121.4%
1961316−1.6%
1971168−46.8%
198141−75.6%
ГодинаНас.±%
199114−65.9%
199410−28.6%
20025−50.0%
20210−100.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ивени живееле 160 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Ивени имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ивени се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 18 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 година, селото брои 5 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 160 144 145 321 316 168 41 14 10 5 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 180 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Рапеш. Во изборното се опфатени населените места: Ивени, Брник и Рапеш. [12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 62 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Петар Сугарев (?-?) роден во с. Ивени. Бил деец на ВМОРО, а по 1904 г. станал гркомански деец на грчката вооружена пропаганда. Со својата чета го напаѓа с. Брник каде го убива семејството на војводата Трајко Крало.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 245.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]