Будимирци

Координати: 41°3′24″N 21°43′50″E / 41.05667° СГШ; 21.73056° ИГД / 41.05667; 21.73056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Будимирци

Поглед на селото

Будимирци во рамките на Македонија
Будимирци
Местоположба на Будимирци во Македонија
Будимирци на карта

Карта

Координати 41°3′24″N 21°43′50″E / 41.05667° СГШ; 21.73056° ИГД / 41.05667; 21.73056
Регион  Пелагониски
Општина  Новаци
Област Мариово
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7000
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02014
Надм. вис. 857 м
Слава Петковден
Будимирци на општинската карта

Атарот на Будимирци во рамките на општината
Будимирци на Ризницата

Будимирци — село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола.

Селото поседува зачувана препознатлива архитектура на селските куќи.[2]

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Првпат името на селото било запишано како Големо и Мало Будимирци (ретко и Лениште) во турски документи во XVI век. Името веројатно доаѓа од личното име Будимер или Будимир.[3]

Будимир прв се населил во месноста и селото го добило неговото име. Името Будимир, составено од буди и мир, веројатно значи „будење во мир“ или да се „биде во мир“.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, од десната страна на Црна Река, чиј атар високо се издига до сртот на планината Ниџе, каде што на тесен дел се допира со државната граница со Грција. Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Новаци.[4] Селото е планинско, на надморска височина од 800 метри. Лежи непосредно до локален макадамски пат, кој се издвојува од регионалниот пат 1311. Од градот Битола е оддалечено 63 километри,[4] додека од општинското средиште Новаци е оддалечено 38 километри.

Реките Трновчица и Бела Река се сметаат за значајно геонаследство од сферата на хидрологијата.[5]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Будимирци се имаат преселено жители од некогашните соседни села Трново, Лешница и Леништа кои наполно се исчезнати.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 40,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.926,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.903,3 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 737,8 хектари.[4]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948530—    
1953520−1.9%
1961521+0.2%
1971396−24.0%
1981188−52.5%
ГодинаНас.±%
199185−54.8%
199442−50.6%
200230−28.6%
20212−93.3%

Демографски статистики за селото Будимирци од османлискиот период:[6]

Османлиски дефтери Домаќинства Неженети Вдовици Годишен приход
Дефтер бр. 4 од 1476/77 г. 24 2 2 1361
Дефтер бр. 16 од 1481/82 г. 33 969
Дефтер бр. 73 од 1519 г. 63 12 2 3020
Дефтер бр. 149 од 1528/29 г. 56 9 3253
Дефтер бр. 232 од 1544/45 г. 68 7 1 2253

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Будимирци имало 618 жители, од кои 500 Македонци, 110 Власи и 8 Роми.[7] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Будимирци имало 480 Македонци, патријаршисти.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Будимирци се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 67 куќи.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[10]

Селото е зафатено со значителна депопулација и деаграризација, бидејќи од него се иселило грото од населението. Така, во 1961 година селото броело 521 жител, а во 1994 година бројот се намалил само на 42 жители, македонско население.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Будимирци живееле 30 жители, сите Македонци.[11]

Во 2008 година, според неофицијални податоци, селото имало 28 жители.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 618 480 530 520 521 396 188 85 42 30 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]


Иселеништво[уреди | уреди извор]

Најголем дел од населението се иселило во градовите Битола, Скопје и Прилеп, како и во прекуокеанските земји и Европа. Бројот на иселеници од селото изнесува над 500 лица.[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Будимирци било село во Мариовската нахија, во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Старавина.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Мариово.

Во периодот 1950-1955, селото било дел на тогашната Општина Старавина, во која покрај селото Будимирци, се наоѓале и селата Градешница, Груништа, Зовиќ и Старавина.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0177 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на објект на општината. Во ова избирачко место е опфатено и селото Груништа.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 16 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[2]
Манастири[2]
Реки[20]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Слави

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во или по потекло од Будимирци

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-12-01. Посетено на 2021-11-07.
  3. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 79. ISBN 978-608-220-026-2.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 42. Посетено на 7 ноември 2021.
  5. Група автори (2016). „Акциски мерки за заштита на природата од областа на хидрологија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 260. ISBN 978-9989-110-90-0.
  6. „Будимирци (Budimirci) - Битолско Мариово“. Итар Пејо. Архивирано од изворникот на 2014-03-02. Посетено на 26 февруари 2014.
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 247.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 ноември 2021.
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 7 ноември 2021.
  19. Александар Матески, „Градешница и Будимирци“, Економија и бизнис, година 18, број 220, октомври 2016, стр. 106-107.
  20. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 15. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]