Апостол Здравевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Апостол Трајков Здравевски (1924 во Бистрица, Битолско — 26 февруари 1944 во Мариово) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Апостол Трајков Здравевски е роден во селото Бистрица. По занимање бил готвач. Во партизанските одреди доброволно пристапил на 8 ноември 1943 година. Член на СКОЈ, Апостол станал во 1942 година. Најдолго боравел со партизанските единици во Тиквешко. Подоцна припаѓал на Втората македонска бригада. Загинал во една борба на 26 февруари 1944 година во Мариово.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)