Волк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Волк
Период: Доцен Плеистоцен–Сегашност
Евроазиски волк (Canis lupus lupus) во Шведска
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Carnivora
Фамилија: Canidae
Потфамилија: Caninae
Племе: Canini[2]
Род: Canis
Вид: C. lupus
Биномен назив
Canis lupus
Linnaeus, 1758
Подвидови

39 подвидови

Распространетост. Зелено, присутен; црвено, истребен.

Волкот (Canis Lupus) е најголемиот претставник од семејството кучиња кои живее во дивина, а предок е на домашниот пес. Иако понекогаш во дивината може да се сретне само еден осамен волк, нормалниот социјален живот на волците се одвива во глутница. Глутницата кај волците по правило се состои од родителски пар и нивните потомци, значи станува збор за фамилија. Волците (за разлика од домашните кучиња) полово созреваат дури во втората година од својот живот и за тоа време остануваат со своите родители.

Подигање[уреди]

Периодот на носење е помеѓу 60 - 63 денови, а во едно легло по правило има помеѓу три и седум (понекогаш се случува и четиринаесет) младенчиња. Минатогодишните волци им помагаат на родителите во подигањето на следната генерација на младенчиња. Во нормални услови, во есен волчјата глутница се состои од родителски пар, нивните младенчиња од претходната година како и младенчињата од тековната година. Со достигнување на половата зрелост, младите волци по правило ја напуштаат територијата на своите родители и тргнуваат во потрага по сопствена територија. Родителите секогаш се доминантни во однос на својот подмладок, според тоа нема борби околу доминацијата.

Исхрана[уреди]

Основната храна на волците ја сочинуваат големите тревопасни животни, при тоа го ловат оној вид кој е најчест на подрачјето на кое живее. Во северните делови на подрачјето на кое се распространети претежно ловат во глутници ирваси, срни или некој вид на елен. Во нивниот улов во источна Европа спаѓаат и дивите свињи. Редовно ловат и помали глодари како и зајаци, куни и кртови. Во случај на недостаток на дивеч, волците јадат и мрши како и отпадоци.

Распространетост[уреди]

Волкот е распространет во Северна Америка, Гренланд, Европа и Азија.

Наводи[уреди]

  1. Mech, L.D. & Boitani, L. (IUCN SSC Wolf Specialist Group) (2008). „Canis lupus“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 22 March 2009. Database entry includes justification for why this species is of least concern.
  2. Macdonald, David; Claudio Sillero-Zubiri (2004). „The Biology and Conservation of Wild Canids“. Oxford: Oxford University Press. стр. 45–46. ISBN 0198515561.