Волкот и седумте јариња
Волкот и седумте јариња (герм. оригинал: Der Wolf und die sieben Geißlein) е германска сказна собрана од браќата Грим, поставена како бајка број 5 во нивната збирка.[1]
Содржина |
[уреди] Дејствие
Козата-мајка решила да оди да купи нешто и ги предупредила нејзините седум јариња да се чуваат од лошиот волк. Волкот доаѓа и им вели да ја отворат вратата, дека тој е нивната мајка и сака да влезе. Тие му велат дека гласот му е груб, додека мајчиниот е мил. Потоа волкот оди и јаде парче креда за да му се омекне гласот. Потоа се враќа, но јарињата му велат дека шепите му се црни, додека мајчините се бели. Потоа волкот оди кај воденичарот и си ги обелува шепите со брашно. Потоа доаѓа на вратата повторно и јарињата го пуштаат внатре. Волкот ја превртува цела куќа и наоѓа шест јариња и ги голта цели, додека седмото се скрило во часовникот, па волкот не успеал да го пронајде.
Мајката се враќа и го гледа нередот. Најмалото јаре излегува и кажува што се случило. Потоа таа оди надвор и го наоѓа волкот како спие, и како нешто мрда во неговиот стомак. Потоа таа му го распарува стомакот, и шесте јариња изглегуваат живи. Потоа таа става камења во стомакот на волкот и го зашива. Кога се буди, волкот е жеден, па оди да се напие вода. Бидејќи се тешки, камењата го повлекуваат во вода и тој се удавува.
[уреди] Прибелешки
Во нивната верзија на „Црвенкапа“, браќата Грим прилично верно ја следат верзијата на Шарл Перо во почетокот; меѓутоа крајот во нивната верзија е идентичен со крајот на оваа сказна, по што се гледа дека оваа сказна била нејзин извор.[2]
[уреди] Видете исто така
[уреди] Наводи
- ↑ Јакоб и Вилхелм Грим, Домашни приказни „Волкот и седумте јариња“ (англиски)
- ↑ Harry Velten, "The Influences of Charles Perrault's Contes de ma Mère L'oie on German Folklore", стр. 967, Jack Zipes, Изд. The Great Fairy Tale Tradition: From Straparola and Basile to the Brothers Grimm, ISBN 0-393-97636-X
[уреди] Надворешни врски
- Виц за волкот и седумте јариња, Вест (македонски)
