Општина Маврови Анови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Маврови Анови
денес дел од Општина Маврово и Ростуше


Грб на Општина Маврови Анови
Грб на Општина Маврови Анови
Грб
Општи податоци
Седиште Маврови Анови
Демографија
Население 984 жит.
Населени места
Самоуправа
Контактни податоци
Карта на општина Маврови Анови со селските атари.
Демографска карта на општина Маврови Анови со селските атари.

Општина Маврови Анови — поранешна рурална општина во Западна Македонија, основана 1996 година, а укината со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во 2004 година, кога заедно со Општина Ростуша ја формирале својата Општина Маврово и Ростуше. Центар на општината било селото Маврови Анови.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Општината се наоѓала во Западна Македонија, а граничела со општините Неготино - Полошко, Вруток, Долна Бањица, Зајас и Ростуше и државите Србија и Црна Гора на север и Албанија на запад.[1]

Населени места[уреди | уреди извор]

Во општината се наоѓале следните населени места: Беличица, Бибање, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекање, Дуф, Жужње, Кичиница, Кракорница, Леуново, Маврови Анови, Маврово, Нивиште, Никифорово, Нистрово, Ничпур, Ново Село, Орќуше, Рибница, Сенце, Сретково, Тануше и Церово.[1]

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002, општината имала 984 жители, 288 домаќинства и 1831 живеалишта. Најбројно население имал центарот на општината, Маврови Анови.

Полова структура на населението во општина Маврови Анови[2][уреди | уреди извор]

пол бројност процент
машки 513 52,13%
женски 471 47,87%
вкупно 984 100%

Етничка структура на населението во општина Маврови Анови[2][уреди | уреди извор]

националност бројност процент
Македонци 571 58,03%
Албанци 379 38,52%
Турци 16 1,62%
Роми 10 1,02%
Власи 0 0%
Срби 5 0,51%
Бошњаци 1 0,10%
останати 2 0,20%
вкупно 984 100%

Јазична структура на населението во општина Маврови Анови[2][уреди | уреди извор]

мајчин јазик бројност процент
македонски 597 60,67%
албански 379 38,52%
турски 1 0,10%
ромски 1 0,10%
влашки 0 0%
српски 5 0,51%
бошњачки 1 0,10%
останати 0 0%
вкупно 984 100%

Верска структура на населението во општина Маврови Анови[2][уреди | уреди извор]

религија бројност процент
православни 566 57,52%
муслимани 415 42,18%
католици 0 0%
протестанти 0 0%
останати 3 0,30%
вкупно 984 100%

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Културни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[3][уреди | уреди извор]
Верски објекти[4][уреди | уреди извор]
Споменици[уреди | уреди извор]

Природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Водопади[уреди | уреди извор]
Езера[уреди | уреди извор]
Реки[уреди | уреди извор]
Пештери[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 “Сл. Весник на Република Македонија” бр. 49/96 од 14.09.1996 година
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Герасимовски, Дончо (2002). „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија - Книга Х“ (PDF). Државен завод за статистика, „Даме Груев“ - 4, Скопје.
  3. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
  4. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]