Маврово

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Маврово е село во Општина Маврово-Ростуше.

Маврово
20090714 Mavrovo lake church summer.jpg

Селото Маврово со потопената црква „Св. Никола“

Маврово се наоѓа во Македонија
Маврово
Маврово (Македонија)
Координати 41°40′32″ СГШ 20°44′03″ ИГД / 
Општина Општина Маврово-Ростуше
Население 166
Надморска височина 1230
Flag of Macedonia.svg Портал:Македонија Flag of Macedonia.svg


Содржина

[уреди] Географиja и местоположба

Село Маврово е лоцирано на падините на еден од најголемите национални паркови во Македонија - Националниот Парк - Маврово, на јужниот брег на Мавровското Eзеро.

[уреди] Историja

Името Маврово значи Црно Поле, било дадено на областа по некоја голема битка во минатото. Мавровското (Црно) Поле, било потопено во 1953 година, со цел да се направи познатото вештачко Мавровско Eзеро. Денес, во контекст на тоа, доказ е старата селска црква Свети Никола, која редовно може да се види потопена во вода.

[уреди] Економија

[уреди] Демографија

Според последниот попис од 2002 година, во Маврово живеат 166 жители, од кои:

Националност Број
Македонци 103
Албанци 60
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 3
Бошњаци 0
други 0

[уреди] Општествени институции

[уреди] Администрација и политика

[уреди] Културни и природни знаменитости

Старата потопена црква Св. Никола

Една од поголемите атракции во селото е старата црква „Св. Никола Летни“, која е изградена од рекански мајстори во 1850 година. Црквата е потопена под Мавровското Езеро во 1953 година, но секое лето поради варијабилниот водостој на езерото, црквата е на суво. Во средината на 90-те години на 20 век во Маврово започнува градењето на нова црква „Св. Никола“, слична на потопената, која е завршена во 2006 година.[1]

Археолошки локалитети[2]


Пештери
  • Пештер - лесно достапна пештера. Се наоѓа на 15 минути пешачење од селото. Карактеристична е по тоа што од неа истекува поток со многу ладна вода со температура од шест степени, поради што е студено и во нејзината внатрешност;[3]
  • Шаркова Дупка - најпозната пештера, карактеристична по живописните камени украси;[4]
  • Голема Пештера - се наоѓа кај некогашниот каменолом на гостиварски „Мермери“, кога со минирањето на мермерните блокови влезот бил затрупан.[4]

[уреди] Редовни настани

[уреди] Личности

Родени во Маврово
  • Доситеј II (1906 - 1981) - Архиепископ Охридски и Македонски

[уреди] Култура и спорт

[уреди] Иселеништво

[уреди] Наводи

  1. Дневник. „Маврово доби црква слична на потопената“
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. Жени-спелеолози истражија нова пештера во Маврово“, Дневник (проверено на 2011-11-20). (на македонски)
  4. 4,0 4,1 Кипроски, Киро. „Подземните убавини на пештерата „Шаркова дупка““, Утрински Весник, 19.06.2009, 14:50 (проверено на 2011-11-20). (на македонски)
  5. Илюстрация Илинден, бр.123, стр.16
  6. Српски биографски речник, том 4, с. 24.

[уреди] Надворешни врски