Ѓулели

Координати: 41°21′52″N 22°26′24″E / 41.36444° СГШ; 22.44000° ИГД / 41.36444; 22.44000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓулели

Воздушен поглед на местоположбата на селото Ѓулели

Ѓулели во рамките на Македонија
Ѓулели
Местоположба на Ѓулели во Македонија
Ѓулели на карта

Карта

Координати 41°21′52″N 22°26′24″E / 41.36444° СГШ; 22.44000° ИГД / 41.36444; 22.44000
Регион  Југоисточен
Општина  Валандово
Област Бојмија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 034
Шифра на КО
Надм. вис. 180 м
Ѓулели на општинската карта

Атарот на Ѓулели во рамките на општината
Ѓулели на Ризницата

Ѓулели — раселено село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Денес, од селото нема никакви видливи остатоци.

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Името на селото потекнува од турскиот збор Ѓул (gül), што означува „цвет или ружа“. Како втора варијанта на значењето е турскиот збор ѓуле (gülle), што означува „тркалезен“.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Воздушен поглед на Ѓулели

Селото се наоѓало во областа Бојмија, сместено во јужното подножје на планината Плавуш.

Се наоѓало во северозападниот дел на Општина Валандово, од десната страна на реката Вардар, на надморска височина од 180 метри.[3]

Крај селото тече Аразлиска Река и оди во југозападен правец, па се влева во Вардар на самиот крај од атарот.

До некогашното село води земјен пат, кој започнува од селото Удово, до кое има асфалтен пат.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194846—    
195366+43.5%
19610−100.0%
197100.00%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ѓулели живееле 100 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 25 до 50 Турци.[5]

Населението на селото почнало да опаѓа уште во првите децении на XX век, и по Втората светска војна тоа било преполовено во однос на почетокот на векот. Доживеало извесен пораст во текот на наредните години, но во 1950-тите е целосно напуштено со иселувањето на Турците од Македонија.

Селото било наполно раселено по 1953 година, когашто броело 66 жители, турско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Ѓулели немало жители.[6] Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 100 46 66 0 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]


Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век, Ѓулели било наполно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Удово, во која покрај селото Ѓулели се наоѓале селата Ајранли, Аразли, Баракли, Башали, Вејсели, Градец, Јосифово, Плавуш, Терзели и Удово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Удово, во која влегувале селата Аразли, Баракли, Башали, Градец, Ѓулели и Удово.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0291 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Удово. Покрај селото Ѓулели, во ова избирачко место се опфатени и селата Аразли, Башали, Баракли, Градец и Удово.[11]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 668 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Реки

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 89. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 119.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 162.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 февруари 2024.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. https://rezultati2021lokalni1krug.sec.mk/mk/mayr/r/11-398. Посетено на 14 јануари 2024. Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]