Раовиќ

Координати: 41°56′35″N 21°13′4″E / 41.94306° СГШ; 21.21778° ИГД / 41.94306; 21.21778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Раовиќ
Раовиќ во рамките на Македонија
Раовиќ
Местоположба на Раовиќ во Македонија
Раовиќ на карта

Карта

Координати 41°56′35″N 21°13′4″E / 41.94306° СГШ; 21.21778° ИГД / 41.94306; 21.21778
Општина  Сарај
Население 79 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25166
Надм. вис. 1.179 м
Раовиќ на општинската карта

Атарот на Раовиќ во рамките на општината
Раовиќ на Ризницата

Раовиќ — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Општина Сарај.

Историја[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век Раовиќ било село како дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948341—    
1953377+10.6%
1961328−13.0%
1971319−2.7%
1981244−23.5%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994284—    
2002213−25.0%
202179−62.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Раовиќ живееле 110 жители, сите Албанци.[2]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото имало 43 куќи со 273 Албанци.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.[4]

На пописот од 2002 година, селото имало 213 жители, сите Албанци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 79 жители, од кои 40 Албанци и 39 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 110 341 377 328 319 244 0 284 213 79
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови:[уреди | уреди извор]

  • Родот Ерем (25 куќи) потекнува од племето Тсач во северна Албанија. Во Раовиќ дошле двајцата браќа Мурат и Демир во првата половина на XIX век. Од споменатите браќа потекнуваат денешните семејства.[11]

Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:

Доселеници:

  • Ченон или Чајан (15 к.) потекнуваат од фисот Бериша. Овде се доселени од Љума во северна Албанија, нивни роднини се Ибишалар, Миналар и Исафалар кои живеат во Чајлане.
  • Ереме (25 к.) потекнуваат од фисот Тсача во северна Албанија.
  • Елез (18 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија. Овде живеат од крајот на XVIII век, каде дошле браќата Елез и Рамадан.[12]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  3. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 12 стр.
  12. Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]