Јанче

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Јанче
Yanche-view.jpg
Селото Јанче, гледано од долината на Радика
Јанче во рамките на Македонија
Јанче
Јанче (Македонија)
Координати41°35′12″N 20°37′41″E / 41.58667°N 20.62806°E / 41.58667; 20.62806Координати: 41°35′12″N 20°37′41″E / 41.58667°N 20.62806°E / 41.58667; 20.62806
Општина Општина Маврово-Ростуше
Географски регион  
Население (2002) 146 жители
Поштенски број  
Повикувачки број  
Надморска височина 975 m
Селска слава  

Јанче е село во Општина Маврово-Ростуше.


Содржина

[уреди] Географиja и местоположба

Јанче се наоѓа на надморска височина од 760 метри и е распослано на мала површина од само 4,8 квадратни км и е село од збиен тип. Од нив 38 хектари се обработлива површина, а пасишта се 27 хектари.

Како на дланка, над течението на реката Радика облеано со сонце, скалесто наредените куќи во Јанче наликуваат оддалеку на макети изработени од врвни мајстори. А селото наликува на орловски гнездо среде планинските врвови. Тука всушност е гнездото на најпитомиот народ на Балканот – Мијаците. Кога се патува од Гостивар кон Дебар, од левата страна по кривулестиот кањон на Радика, непосредно полсе манастирот св. Јован Бигорски, неможе а да не се забележи селото Јанче со својата прекрасна архитектура. Постојат мал број на пишани документи за ова село, од кои се гледа дека Јанче се наоѓало во месноста Јанечки ливади, скриено заради честите Качачки пљачкосувања. Подоцна селото се дислоцирало поблиску до патот за полесна комуникација со останатите населени места.

Јанче поради идеалната надморска височина од околу 760 метри има медитеранска, но и специфична клима иста како во Солун. И тука виреат исти растенија како таму, за што сведочат писмата на печалбарите кои од Грција им пишувале на своите семејства. Зимите во Јанче се феномен затоа што кога ќе заврнел снег дури и од 50 цм тој веднаш се топел и поради тоа Јанче никогаш во зима не било отсечено од светот како што е случај со Галичник и Лазарополе. Ако времето било добро во Јанче тоа особено за сточарите имало значење дека убаво време ги чека и на околните пасишта можат да ги спуштат стадата на пасење, а печалбарите занеле дека времето е погодно за патување.

[уреди] Историja

Јанче е една од најстарите населби во мијачкиот регион од пред повеќе од 5 века во Долнореканскиот крај, која се споменува уште во документацијата на архивот на Истамбул. Во ( Енциклопедијата на селата во РМ) од авторот Митко Панов од 1998 година е забележано дека селото се наоѓа во Западниот дел од Македонија, на средишниот дел на територијата на општина Ростуше непосредно од левата страна на реката Радика и патот Гостивар – Дебар. И на 30тина км од Маврови Анови. А, од југозападната страна сместено е на падините на Бистра. Одејќи по течението на Радика кон Јанче добивате впечаток дека селото како да е сраснато со природата, како да е ставено на дланка и ги чека добронамерниците, како што со векови наназад ги испраќало и пречекувало своите печалбари.

Според легендата, првиот жител на селото бил човек со име Јане, по кого се сметало дека селото го добило името.

Постојат мал број на пишани документи за ова село, од кои се гледа дека Јанче се наоѓало во месноста Јанечки ливади, скриено заради честите Качачки пљачкосувања. Подоцна селото се дислоцирало поблиску до патот за полесна комуникација со останатите населени места.

[уреди] Економија

Економската надеж во Јанче се поткрепува со отворањето на хотелот ТУТО,со него полека но сигурно ќе се развива селскиот туризам во овие мијачки простори.

[уреди] Демографија

Според пописите на населението по ослободувањето на Македонија, почнувајќи со првиот попис од 1948 година, па сé до последниот од 2002 година, бројот на жителите во село Јанче според податоците од Заводот на статистика на Р.Македонија, бил варијабилен. Така на пописот од 1948 година во Јанче имало вкупно 375 жители, од кои биле 360 Македонци, 7 Турци, а од другите националности нивниот број броел 28.

Со вториот попис во 1953 година во селото се регистрирани 395 жители од кои 360 се Македонци, 27 Албанци, 7 Турци , Роми 1, Власи 1 и Србин 1.

На пописот во 1961 година евидентно е опаѓањето на бројот на населението во Јанче што се должи на миграцијата село-град, но и миграцијата во странство, па така вкупниот бројот на жители во село Јанче броел 165 жители од кои 71 Македонец, 5 Албанци, Турци 88, а од другите националности бројот бил само 3 жители.

Пописот од 1981 година покажа дека во Јанче имало вкупно 186 жители, од кои Македонци имало само 39 лица, 1 Албанец, Турци немало, а останати националности биле 105 лица.

Наредното десетлетие, 1991 година впишани се 164 жители, 41 Македонец, 7 Турци и 116 други.

На пописот 1994 година во Јанче живееле до тогаш најмалку жители вкупно 155,од кои 133 се Македонци,Албанци 2,и Турци 9,додека од другите националности имало вкупно 11.

На последниот попис од 2002 година во Јанче останале 146 жители, од кои 111 се Македонци, Албанци 2 и Турци 33. Според полот, од вкупното население 71 биле мажи, а 75 жени.

Во селото денес живеат само седум македонски семејства од православна вероисповест: Тортевци, Негриовски, Мирчески, Јанкуловски, Гиговски, Костовски и Сарџовски.

А од раните 70-ти години во Јанче живееле и семејствата: Коловски, Петревски, Дичовски, Трајановски, Поповски, Тасевски, Вељановски.

Во селово денес има околу 150 Македонци по род, но од муслиманска вероисповест и тоа од семејствата на Адем, Феим, Билали, Абдураман, Ибрахим, Реџеп, Јакуп и други.

[уреди] Општествени институции

[уреди] Администрација и политика

[уреди] Редовни настани

ВЕРСКИ ПРАЗНИЦИ И ОБИЧАИ.

Православието, односно христијанската вера им била ѕвезда водилка на мијаците кои со векови беа угнетувани и беа во ропство. Верата има давала надеж за подобро утре верба дека наскоро ќе живеат во слобода, дека ќе ги добијат битките, дека печалбарите ќе се вратат дома, дека ќе бидат здрави и дека нема да оскудуваат во храна, облека, пари... затоа со голема љубов кон Бога и кон верата ги одбележувале и ги празнувале сите верски празници.

Тие за нив биле симбол на единство и сила затоа што тогаш во домовите се собирало семејството и најблиските пријатели.
Интересно е да се напомене дека до ден денешен исламизираните жители во Јанче со своите сожители од македонска христијанска вероисповест ги почитуваат сите православни празници, чествувајќи ги со домаќините така што на денот на празникот ги посетуваат нивните домови и им честитаат кажувајќи : “среќна слава, за многу години да е “.
Исто така и православните христијани од ова село ги почитуваат муслиманските празници Рамазан Бајрам и Курбан Бајрам, им ги честитаат на домаќините кои пак традиционално ги пречекуваат со баклава.

Во Јанче се слават следните верски празници од православна вероиспивед :

Сурова Василица се слави на 14ти јануари, а некогаш се празнувал на први јануари или Нова година или попозната како Василица. Еден ден пред празникот, децата стануваат рано пред изгрејсонце, собираат дренови прачки и прачки од некои плодородни дрвја. Децата прачките им ги даваат на некои девојки да прават суровица. Девојките ги групираат прачките и им даваат босилок, па ги завиткуваат околу за да не се гледаат заедно со босилокот што симболизира божило (виножито небосводот). На врвот се става крвче од дренова прачка завиткано со шарени коприрени и срмени конци. И на краиштата му се ставаат топчиња и една сребрена пара. Во народниот календар нема друг датум што има собрано толку многу обичаи како овој празник.

Водопост бил на 5тти јануари –стар календар. На тој ден не се мрси и жените одат во црква, земаат крстена вода во шишенце од која пијат сите домашни, а остатокот ја чуваат за преку целата година, и ако некој се разболи го мијат со неа за здравје.

Водици или Богојавление е на 19ти јануари. Јанчани велат ако во текот на тој ден водата не замрзне годината ќе биде лоша и ќе има многу болести, а ако пак биде студено годината ќе биде добра и плодородна.

Свети Јован е на 20ти јануари. На тој ден секое маало одделно го празнува и домаќинот во своето маало приготвува јадење за сите, а останатото население носи погачи, тави со месо, риби и вино. Подароците од маалците се подаруваат на св.Јован. кога јадењето ќе се послужи на трпеза во дворот станува еден од гостите и изјавува дека тој догодина ќе го служи св. Јован, односно ќе биде кум.

Поклади тие се два вида мрсни и посни. Третата седмица пред чист понеделник се нарекува редовна затоа што се мрсни среда и петок. На мрсни поклади се готви месо, но тој ден не се празнува посебно. Во текот на последната мрсна седмица се канат роднините и блиските, а особено невестите што се земени првата година. По неа доаѓа посната недела во која се јаде само сирење, млеко, јајца, масло и риба. Во таа недела се месат баници, баклава, кадаиф и други слатки. Благовец е на 7ми април.

Се верува дека во пресрет на Благовештенија на полноќ се отвора небото и се јавува Господ. Сите дрвја во тоа време се пополнувале до земја. Ако пак во тој момент човек е буден може да побара се што сака од Бога и тој ќе му даде. На Благовештенија девојчињата над 10 години за прва пат почнуваат да месат. Тоа се прави на Благовец за да им биде благ лебот. Од таа погача се раздава на другарките и комшиите за здравје.

Велигден. Во турско време, христијаните по полноќ оделе во Црква. Девојќите оделе подоцна, по литургијата да се причестат, секоја девојка со себе носи едно црвено јајце за да биде здрава, бела и црвена. Поздрав со луѓето е “Христос Воскресе” – Ваистина Воскресе. Со првото, црвено фарбано јајце мајката прави круг на лицето на децата и домашните и кажува “црвено, бело, дебело” и тоа се чува цела година, а старото од претходиот Велигден се закопува во земја.

Свети Илија се празнува на 2ри август и Јанчаните веруваат дека кога грми св. Илија ја брка ламјата да ја убие. По 1903 година тој стана национален празник со патриотска возвишена цел, бидејќи На тој ден се кренало Илинденското востание. Јанчани вечерта пред втори август одат во црквата св. Илија каде им оддаваат почит на мртвите кои се закопани во дворот на црквата. Постарите остануваат долго во ноќта, а младите и до раните утрински часови.

Успение на Пресвет Богородица – Голема Богородица се празнува на 28ми август. Меѓу позначајните празници што маќедонскиот народ ги празнува со големо внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Голема Богородица е селска слава на Јанче и на ововј ден во селото се подготвува голема веселба проследена со звуците на зурли и тапани. Во трпезаријата на црквата Успение на Богородица се приготвува ручек. На прославата на празникот во селото доаѓаат многу иселени Јанчани како и гости, пријатели и роднини од соседните села.

[уреди] Личности

Според записот на рускиот историчар Голубински,првиот Охридски Архиепископ Јован,кој го градел и манастирот Свети Јован Бигорски(1020) година бил роден во село Јанче.

Од Јанче,директни учесници во НОБ биле многумина и дел од нив херојски загинале во борбите на партизанските единици со бугарските и италијанските купатори. Такви херои биле :

Драган Гиговски (загинал од балистите во кичевско). Славе Симоновски(загинал истотака од балистите во кичевско). Рафе Јанкуловски(загинал од италијанскиот оупатор во близина на Албанската граница).

Други активни борци од Јанче биле Јован Дојчиновски,Исен Билали,Фадил Абдурамани,Уснија Хамзовски и други.

Во текот на НОБ многу Јанчани земаат масивно учество во партизанските единици и во Народноослободителната војска. Без оглед каде и да се наоѓаа јанчаните се приклучуваа кон општите напори за обнова и изградба на оваа наша татковина МАКЕДОНИЈА .

[уреди] Иселеништво

Печалбарството било и е карактеристично занимање или стопанска гранка на жителите на Јанче и воопшто на Мијаците. Печалбарењето како дејност се појавило во втората половина на XVII век. Тогаш цели тафи мајстори од најразлични профили како градежници, копаничари, зоографи, трговци и различни занаетчии заминувале низ Балканскиот Полуостров и земјите во Европа, па дури и во земјите на Мала Азија. Кај Мијаците печалбарството доживеало експанзија во втората половина на деветнаесетиот век и станало основен извор за приходи за живот на семејствата од овие краишта кое пак уште повеќе се етаблирало како основна професија по ослободувањето на Србија, Романија подоцна и на Италија и Бугарија, како и по Илинденското востание и Балканските војни. Почетоците на луѓето што го напуштале сточарството и оделе на печалба им биле многу тешки. Никој од нив немал капитал за да отворат дуќан па поради тоа тие се делеле во две групи едни останувале сточари, а другите отварале дуќани и така полесно се снаоѓале и успевале. Благодарение на вековната солидарност меѓу Мијаците, многумина од нив, од печалба успеале да остварат сигурна егзистенција за своите семејства дури и за следните поколенија. Поспособните и поснаодливите кои заминале на печалба и отвориле дуќан подоцна ги прифаќале новодојдените печалбари од нивниот крај кои останувале и работеле кај нив се додека не стекнат искуство и сопствен капитал за да можат и тие да станат сопственици на некоја работилница или дуќан. На печалба оделе домаќинките и машките деца од 8 до 12 годишна возраст, најчесто во Солун за да го научат јазикот. Ритуалното испраќање на печалба се подготвувало цел месец, а печалбарите најчесто барале и наоѓале работа во Гостивар, Скопје, Белград, Софија, Солун, Лариса, Москва, Каиро, Александрија, Букурешт, Верија, Серес и други.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици