Кичиница

Координати: 41°41′34″N 20°43′24″E / 41.69278° СГШ; 20.72333° ИГД / 41.69278; 20.72333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кичиница

Традиционални куќи во селото

Кичиница во рамките на Македонија
Кичиница
Местоположба на Кичиница во Македонија
Кичиница на карта

Карта

Координати 41°41′34″N 20°43′24″E / 41.69278° СГШ; 20.72333° ИГД / 41.69278; 20.72333
Регион  Полошки
Општина  Маврово и Ростуше
Област Горна Река
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1256
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07040
Надм. вис. 1.420 м
Кичиница на општинската карта

Атарот на Кичиница во рамките на општината
Кичиница на Ризницата

Кичиница — целосно раселено село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река. Целата „рурална средина“ на селото е прогласена за културно наследство на Македонија.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на селото доаѓа од неговиот основач Кичин, кој дошол од Врање или од Куманово. Кичин зимувал со стоката во околината по пештерите.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Влезот во селото

Ова село се наоѓа во областа Горна Река, во средишниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е на североисточната падина на планината Бистра. Селото е раселено уште од 1961 година.[3] Селото е сместено доста високо на 1.420 метри надморска височина.

Селото е сместено во мало проширување на долината помеѓу Баричка Клисура и Дервенска Клисура.[2] Оддалечено е 28 километри југозападно од Гостивар.

Селото има 8 куќи кои се изградени на почеток на XX век, но нема жители.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото двапати се преместувало. Прво се наоѓало преку реката, веднаш под Врбен, на местото Гури Кичиницас. По преданието се верува дека оттаму избегале поради змии.[2]

Во XIX век, Кичиница било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 4,4 км2.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Видиковец во близина на селото
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194878—    
195389+14.1%
196148−46.1%
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кичиница било село со 30 домаќинства и 86 жители.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Болетин живееле 120 жители, сите Албанци со православна вероисповед.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кичиница се води како чисто „албанско“ православно село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 21 куќа.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[9]

Селото е наполно раселено по 1961 година, кога броело 48 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Кичиница немало жители.[10] Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 120 78 89 48 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во селото се знаат: Арсенит (1 к.), Грубин (6 к.) и Михал (4 к.). Последните се најстари во селото. Арсенит се доселени од селото Нивиште, додека Грубин се доселиле од селото Врбен. Арсенит славеле Петковден, додека останатите семејства Ѓурѓовден.[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Трница, во која покрај Кичиница се наоѓале Беличица, Бибање, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекање, Жужње, Кракорница, Нивиште, Нистрово, Ничпур, Рибница, Сенце и Тануше. Општината Трница постоела и во периодот 1950-1952 година, во која влегувале селата Беличица, Волковија, Врбен, Кичиница, Сенце и Трница.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0494 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Маврови Анови.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Никола“
Цркви[17]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Кичиница

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во пределот од Маврово до Кичиница преку Царевец има многу интересна патека за планински велосипедизам која минува низ убави шумски предели и која што може да се комбинира со другите патеки во регионот. Заради поставеноста во шумскиот појас може да се вози во било кој период од денот. Почетокот на патеката е по асфалтниот пат од Маврово за селото Галичник, и пред месноста Царевец се напушта асфалтот вртејки во десно од каде што започнува возење по широк и лесен за следење шумски пат. Вдолж патот има маркации и патокази. Вода за пиење има на две места и најдобро е да се користи водата од чешмата покрај асфалтниот пат за Галичник. Техничките тежини се умерени. Вкупна должина на патеката изнесува 12 километри, а потребно време за минување е од 2 до 4 часа.[19]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
  3. 3,0 3,1 3,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 149. Посетено на 9 април 2020.
  4. „Општина Маврово и Ростуше“ (PDF).
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 91.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 49.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 април 2020.
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 9 април 2020.
  16. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 9 април 2020.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Ако.мк. „Кој е пратеникот на ДУИ Бранко Манојловски?“. Ако. Архивирано од изворникот на 2018-02-14. Посетено на 2017-08-30.
  19. „Планирање и планински велосипедизам“. Национален парк Маврово. 2015-11-15. Посетено на 2017-08-30.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]