Селце (Ростушко)

Координати: 41°34′23″N 20°42′46″E / 41.57306° СГШ; 20.71278° ИГД / 41.57306; 20.71278
Од Википедија — слободната енциклопедија
Селце

Поглед на селото од патот помеѓу селата Лазарополе и Тресонче

Селце во рамките на Македонија
Селце
Местоположба на Селце во Македонија
Селце на карта

Карта

Координати 41°34′23″N 20°42′46″E / 41.57306° СГШ; 20.71278° ИГД / 41.57306; 20.71278
Регион  Полошки
Општина  Маврово и Ростуше
Население 4 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1254
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07069
Надм. вис. 1357 м
Слава Илинден
Селце на општинската карта

Атарот на Селце во рамките на општината
Селце на Ризницата

Селце — село во Општина Маврово и Ростуше, во рамките на областа Мала Река. Селото се наоѓа на Селечка Река, чиј извор се наоѓа на самото сретсело.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селце е сместено во западниот дел на Македонија, во јужниот дел на општината Маврово и Ростуше. Претставува дел од долнореканскиот крај. До селото води асфалтен пат кој се двои од регионалниот пат ДебарГари.

Сместено е високо на планината Бистра, на надморска височина од 1357 метри, при што на самото сретсело се наоѓа селска чешма, изградена во 1998 година од страна на месното население. Веднаш крај чешмата се наоѓа и изворот на Селечка Река. Селото е оддалечено 22,5 километри источно од градот Дебар.

Атарот на селото зафаќа 17 км2.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во осмалиско-турските документи од втората половина на XV век, за Селце било напишано дека било напуштено од страна на жителите на селото.[3]

Селото во своите најдобри времиња имало околу 80 куќи и со тоа припаѓало на најмалите села во долнореканскиот крај. Денес, нивната бројност е уште намалена и останати се одвај четвртина од нив.[4]

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Селце живееле 420 жители, сите Македонци.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Селце се води како чисто македонско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 80 куќи.[7]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Селце имало 640 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194840—    
195357+42.5%
196162+8.8%
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
20214—    

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[9]

Иселувањето во Селце започнало порано отколку во другите села, па затоа во него останале само 62 жители според пописот од 1961 година.[2]

Денес, селото Селце е во целост раселено, како што било забележано уште со спроведениот попис од 2002 година, кога во селото немало ниеден жител.[10] Селото било целосно напуштено уште во текот на 1960-тите години.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 420 640 40 57 62 0 0 0 0 0 4
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]


Родови[уреди | уреди извор]

Селце е македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото:

Ропановци-Јазевци доселени се од Мариово; Дамјановци (8 к.); Пулевци; Степановци; Поповци доселени се од Тресонче, сите се иселени во Лом Паланка (Бугарија); Поповци, Чибуковци и Бужаровци доселени се од Галичник; Гуржовци (14 к.) доселени се и они од Галичник.[15]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Поглед на главната селска црква во Селце

Селото влегува во рамките на големата Општина Маврово и Ростуше, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Ростуша.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лазарополе, во која покрај селото Селце, се наоѓале и селата Гари, Лазарополе, Росоки и Тресонче. Општината Лазарополе постоела и во периодот 1950-1952.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[16]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Главно иселувањата на жителите од селото Селце биле во насока на Скопје, Битола и во Бугарија.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 269.
  3. Тодоровски, Глигор. „Малореканскиот предел. Општествено-економски и просветни прилики во 80-те години на XIX век до крајот на Првата светска војна“, Скопје 1970, стр. 16-17
  4. 4,0 4,1 Според кажување на месен жител; забележано на 5 јули 2015 година од страна на Тони Ристовски, Ѕвонко Петровски, Никола Цибрев, Кирил Симеоновски и Цветко Неделковски
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 263.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 48.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 184-185.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Смилјаниќ, Тома. Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]