Дедели

Координати: 41°17′03″N 22°26′16″E / 41.28417° СГШ; 22.43778° ИГД / 41.28417; 22.43778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дедели

Воздушен поглед на селото Дедели

Дедели во рамките на Македонија
Дедели
Местоположба на Дедели во Македонија
Дедели на карта

Карта

Координати 41°17′03″N 22°26′16″E / 41.28417° СГШ; 22.43778° ИГД / 41.28417; 22.43778
Регион  Југоисточен
Општина  Валандово
Област Бојмија
Население 252 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2461
Повик. бр. 034
Шифра на КО 04010
Надм. вис. 185 м
Дедели на општинската карта

Атарот на Дедели во рамките на општината
Дедели на Ризницата

Дедели — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Сретселото

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Валандово, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Дојран.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 185 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 6,5 километри.[2]

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1105.

Историја[уреди | уреди извор]

Дедели за време на Првата светска војна.

Подрачјето на Дедели е населено барем од железното време, за што сведочат остатоците од некропола на истоименото наоѓалиште.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 9 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 522,9 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 186,2 хектари, додека на пасиштата 98,8 хектари.[2]

Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во него работат две продавници.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948561—    
1953651+16.0%
1961269−58.7%
1971182−32.3%
1981240+31.9%
ГодинаНас.±%
1991267+11.3%
1994252−5.6%
2002220−12.7%
2021252+14.5%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 105 домаќинства со 230 жители муслимани.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дедели живееле 600 жители, сите Турци.[5]

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во Дедели имало 313 жители, сите Турци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Турци.[7]

Дедели е мало село, но без промени во населеноста. Така, во 1961 година селото броело 269 жители, од кои 147 биле Македонци и 95 Турци, а во 1994 година имало 252 жители, од кои 240 биле Турци и 12 жители Албанци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Дедели имало 220 жители, сите Турци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 252 жители, од кои 1 Македонец, 236 Турци и 15 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 600 313 561 651 269 182 240 267 252 220 252
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на основното училиште во Дедели

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век, Дедели било главно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Дедели, во која покрај селото Дедели се наоѓале селата Дедели, Казандол, Прстен, Собри, Татарли и Чалакли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната градска општина Валандово, во која влегувале градот Валандово и селата Дедели, Раброво и Честово.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0301 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 244 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 260 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[3]
  • Дедели — некропола од железното време;
  • Пирин Чешма — топилница на бакар од римското време; и
  • Чешме Јани — населба од римското и доцноантичкото време.
Џамии[18]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 93.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 54. ISBN 9989-649-28-6.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 192-193.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 162.
  6. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 246.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 февруари 2024.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „За нас“. ООУ „Јосип Броз Тито“. Посетено на 11 февруари 2024.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  17. https://rezultati2021lokalni1krug.sec.mk/mk/mayr/r/11-406. Посетено на 11 февруари 2024. Отсутно или празно |title= (help)
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 86. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]