Евла (Дебарско)

Координати: 41°25′33″N 20°36′37″E / 41.42583° СГШ; 20.61028° ИГД / 41.42583; 20.61028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Евла

Остатоци од минаре во месноста на некогашното село Евла

Евла во рамките на Македонија
Евла
Местоположба на Евла во Македонија
Евла на карта

Карта

Координати 41°25′33″N 20°36′37″E / 41.42583° СГШ; 20.61028° ИГД / 41.42583; 20.61028
Регион  Југозападен
Општина  Центар Жупа
Област Жупа
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1258
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08018
Евла на општинската карта

Атарот на Евла во рамките на општината
Евла на Ризницата

Евла (или Долно Елевци) — поранешно село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Името на селото првпат е забележано дури во XX век (1930 г.). Името доаѓа од зборот евла, што е изведен од старословенскиот збор ехла.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало јужниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓало на областа Дебарска Жупа, чиј атар на една страна се допира со подрачјето на Општина Струга.[3]

Селото лежи на западните падини на планината Стогово.

Покрај селото поминува регионалниот пат 2249, од каде може да се забележи единствениот остаток од селото, а тоа е некогашното минаре на селската џамија.

Историја[уреди | уреди извор]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 4 км2.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194856—    
195377+37.5%
19612−97.4%
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 7 домаќинства со 18 жители христијани (Македонци).[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Евла живееле 190 жители, од кои 60 жители Македонци христијани и 130 Турци муслимани.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Евла имало 56 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци и 100 Турци.[8]

Селото е наполно раселено по 1961 година, кога што броело само двајца жители, албанско население.[3]

Според пописот од 2002 година, селото Евла немало жители.[9] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 190 56 56 77 2 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Евла било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото било седиште на некогашната општина Евла, која била составена од селата Долгаш, Евла и Елевци.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0570 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Елевци.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 216 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 227 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Џамии
  • Руини од поранешна џамија
Споменици
  • Споменик во чест на загинатите борци во НОБ

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 90. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 120.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
  6. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. https://rezultati2021lokalni1krug.sec.mk/mk/mayr/r/75-737. Посетено на 4 февруари 2023. Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]