Ваташа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Ваташа е село во винарскиот регион Тиквеш, во општина Кавадарци и преку конурбација таа веќе е споена со градот (има заеднички урбанистички план со Кавадарци).

Ваташа
Ваташа во рамките на Македонија
Ваташа
Ваташа (Македонија)
Координати41°25′0″N 22°7′7″E / 41.416667°N 22.11861°E / 41.416667; 22.11861Координати: 41°25′0″N 22°7′7″E / 41.416667°N 22.11861°E / 41.416667; 22.11861
Општина Општина Кавадарци
Географски регион  
Население  3502 жители жители
Поштенски број  
Повикувачки број  
Надморска височина 295 m m
Селска слава  


Содржина

[уреди] Географиja и местоположба

Ваташа лежи на 295 метри и низ нејзе води автомобилскиот пат за висорамнината-областа Витачево. Низ Ваташа тече реката Луда Мара, која својот тек понатаму го продолжува низ Кавадарци.

[уреди] Историja

Ваташа е познато уште во 14-тиот век, а за време на Османлиското владеење со Македонија (1395-1912), тоа е најголемата населба во Тиквеш.

Во 1817 година во Ваташа е изградена црквата „Успение на пресвета Богородица“

Во 1830 година во Ваташа започнува да работи првото световно училиште во Тиквешијата.

Во 1838 година со помош на македонскиот просветител Теодосиј Синаитски, селскиот учител Даскал Камче ја отвора првата печатница во Македонија, токму во Ваташа, во периодот на македонското Просветителство.

Во 1860 година во Ваташа е изградено основното училиште „Даскал Камче“.

Во текот на 1901 година при својата неколкунеделна посета на Кавадарци и околината, Гоце Делчев престојува неколку денови и во Ваташа.

Во 1913 година за време на Тиквешкото востание српските воjници стрелаат 40 луѓе. Но, со тоа не доаѓа крајот на страдањата. Ваташа е надалеку познато по еден друг крвав настан од Втората Светска војна.

Во април 1941 година селото влегува во бугарската окупациона зона. Од самиот почеток жителите на Ваташа не ја прифаќаат новата власт и активно се вклучени во комунистичкото Народно-ослободителното движење.

На 16 јуни 1943 година, бугарските окупаторски војници стрелаа 12 млади комунисти од селото: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев. (видете: Масакрот во Ваташа)

Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште и испеана е народната песна „Ми заплакало селото Ваташа[1]

[уреди] Економија

Населението на Ваташа, во најголем дел, се занимава со лозарство (одгледување на винова лоза) на лозјата во околината на селото. Поради близината на Ваташа со Кавадарци, преку процес на конурбација, таа припаѓа на рурбалната зона на градот (како приградска населба) и во селото истотака се застапени и секундарните и терциерните стопански гранки, а дел од населението работи и во индустриските капацитети ФЕНИ, рудникот Ржаново, ВВ „Тиквеш“ и др.

[уреди] Демографија

Според последниот попис од 2002 година, Ваташа брои 3.502 жители, од кои:

  • Македонци 3.224
  • Турци 13
  • Роми 238
  • Власи 1
  • Срби 20
  • oстанати 6

[уреди] Општествени институции

[уреди] Администрација и политика

[уреди] Културни и природни знаменитости

Во близината на Ваташа, неколку километри јужно од нејзе се наоѓа месноста Моклиште на која е подигнат голем споменик на 12-те ваташки младинци стрелани од бугарскиот фашистички окупатор. Месноста Моклиште е познато излетничко место во Кавадарци и Тиквешијата со прекрасна местоположба и природен амбиент, од десната страна на реката Луда Мара.

[уреди] Редовни настани

[уреди] Личности

[уреди] Култура и спорт

ФК Габер (Ваташа), има настапувано во 2 МФЛ (Втора Македонска Фудбалска Лига).

[уреди] Иселеништво

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици