Шипковица

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шипковица
Shipkovica Vilage.jpg

Поглед кон Шипковица

Шипковица се наоѓа во Македонија
Шипковица
Шипковица (Македонија)
Координати 42°02′06″ СГШ 20°54′56″ ИГД / 
Регион Logo of Polog Region.svg Полошки регион
Општина Coat of arms of Tetovo Municipality.png Општина Тетово
Население 2.826 жит.
Пошт. бр. 1200
Повик. бр. 044
Надм. височина 820 м
Tetovo Municipality.svg

Карта на Општина Тетово со селските атари.

Flag of Macedonia.svg Портал „Македонија“


Шипковица — село во Општина Тетово. Шипковица се наоѓа на Шар Планина, и истото е типично планинско село. Според пописот од 2002 година, селото имало 2.826 жители. До 2004 година, селото било седиште на Општина Шипковица. Во минатото постоело и посебно село Шипковско Теќе, кое денес е споено со Шипковица и фигурираат како едно исто село.

Име[уреди]

Името на селото на албански е Shipkovicë (нечленувано), или Shipkovica (членувано). Во локалниот тетовски дијалект, селото е познато како Шипкојца.

Географиja и местоположба[уреди]

Селото се наоѓа на Шар Планина, на околу 820 метри надморска височина. Шипковица е дел од географскиот регион Долен Полог, во близина на течението на реката Пена. Атарот на Шипковица граничи со атарот на Бродец (на север), со атарот на Селце (на североисток), со атарот на Гајре (на југ) и Вешала (на запад).

Историја[уреди]

Шипковица е дел од постарите села во Пологот. Првично, селото било чисто македонско, населено со македонско население. За време на Турската империја, поради доселување на муслимански Албанци, македонските родови се иселиле. Македонците од Шипковица некогаш кога живееле во селото приредувале собир на местото познато како „Пучален“, каде е денешното основно училиште. На тоа место имало веселби и забави. Со доселувањето на Албанците, а со отселувањето на Македонците, словенските топоними не исчезнале. Македонците се иселувале во Тетово, Лавце и околните пониски села. Меѓу познатите семејства кои живееле во Шипковица се: Аврамовци (преселени во Тетово), Здравковци (преселени во Лавце), Војновски (преселени во Лавце) и др. Последните македонски семејства се отселиле во средината на 19 век. Според податоците на Трифуновски, во селото (средината на 20 век) живее муслиманско население, составено од две групи: етнички Албанци и исламизирани и албанизирани Македонци. Албанизираните Македонци, според Трифуноски, се семејствата познати како Торбеши, Ѓоре и Маце.[1]

Кон крајот на 19 век селото било дел од Тетовската каза на Отоманската империја. Според податоците на Бугаринот Васил Канчов, селото во 1900 година имало 550 жители Албанци муслимани.[2] Според Афанасиј Селишчев, селото во 1929 година било центар на Селечка Општина и имало 186 куќи со 840 Албанци.[3]

Во 2001 година селото било седиште на штабот на албанските терористи кои го започнале конфликтот во Македонија во 2001 година.

Црквата во Шипковица[уреди]

На местото на зградата на поранешната општина Шипковица има црква. Бидејќи првобитното население на селото било македонско, мештаните имале изградено црква. Црквата се наоѓала на местото на сегашното место именувано „Киша“ („црква“ на албански). На истото место, од црквата, била изградена општинската зграда. Околу црквата имало православни гробишта. Во 1935 година група граѓани од Тетово вршеле ископувања околу црквата и пронашле различни плочи, крстови, кандила и слично.[4] Името на црквата не е познато. Во атарот на селото има и три градишта.

Економија[уреди]

Локалното население воглавно се занимава со сточарство и трговија.

Демографија[уреди]

Според пописот од 2002 година, во Шипковица живеат 2.826 жители, од кои 2.817 Албанци и 9 други. Доминантна религија во селото денес е Исламот, а доминантен јазик е албанскиот.

Општествени институции[уреди]

Училишта
Шипковица како центар на истоимена општина

Селото Шипковица било центар на Општина Шипковица од 1996 до 2004 година. Под општината влегувале селата: Лисец, Гајре, Бродец, Бозовце и Вешала.

Културни знаменитости[уреди]

Археолошки лолалитети[5]
  • Црква - средновековна црква и некропола;
  • Хисар - населба и некропола од римско време;
  • Дервен Град - средновековна населба;
  • Градиште - населба од доцноантичко време;

Личности[уреди]

Иселеништво[уреди]

Забележан е трендот на иселување на населението, особено помладото. Воглавно иселувањето е во странство или кон градот Тетово.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Trifunovski, Jovan F. (1976) (на француски). „Polog (Etudes аnthropogeographiques)“ (1 издание). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art. стр. 363. 
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.213.
  3. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24.
  4. Трифуноски, Ј. „Полог“ (антропогеографска проучавања), САН, Белград, 1976, стр. 363
  5. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]