Јане Сандански (населба)
Јане Сандански | |
---|---|
Населба | |
Јане Сандански (средина на фотографија). Гледано од Џевахир. | |
Координати: 41°59′17.7″N 21°28′5.2″E / 41.988250° СГШ; 21.468111° ИГД | |
Држава | Македонија |
Општина | Аеродром |
Површина | |
• Вкупна | 73 ха (180 acres) |
Јане Сандански — населба која се наоѓа во Општина Аеродром.
Географија[уреди | уреди извор]
Населбата граничи со 13 Ноември на запад, реката Вардар (Ќерамидница е преку реката) на север, Ново Лисиче на исток, Реонски Центар на југ, и Аеродром на југ и југозапад.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002, населбата Јане Сандански била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% биле Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.[1]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата Јане Сандански била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Горно Лисиче, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 63.764 |
Албанци | 850 |
Турци | 464 |
Роми | 459 |
Власи | 651 |
Срби | 2.125 |
Бошњаци | 403 |
Други | 6.392 |
Културни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Парк „Јане Сандански“
- Црква „Св. Никола“ - се наоѓа на плоштадот „Јане Сандански“. Изградена е во 2011 година, а целосно осветена на 25 мај 2013 година;[2]
- Споменик на Јане Сандански
- Парк на езерата
- Капитол мол
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Во населбата, односно на северниот раб на населбата, се наоѓа Спортскиот центар Јане Сандански, чии што домашните натпревари ги игра КК МЗТ Аеродром.
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Паркот „Јане Сандански“
-
Споменикот на Јане Сандански
-
Црквата „Св. Никола“
-
Црквата „Св. Никола“
-
Паркот на езерата
-
Спортскиот центар Јане Сандански
-
Булеварот „Јане Сандански“ во населбата Аеродром
-
Мотив од населбата Јане Сандански
-
Мотив од населбата Јане Сандански
-
Поглед на трговскиот центар „Бисер“
-
Поглед на трговскиот центар „Бисер“
-
Трговскиот центар „Капитол“
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Адресар на општини во Република Македонија, Град Скопје, 2002 година.
- ↑ Осветување на црквичката „Св. Никола“ во н. Јане Сандански[мртва врска]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Јане Сандански (населба) на Ризницата ?