Референдум во Македонија, 2004

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Референдум за територијална организација на Република Македонија, 2004
Датум 7 ноември 2004 (2004-11-07)
Резултати
Да или не Гласови Проценти
Yes check.svg Да 427.112 &1000000000000950600000095,06%
X mark.svg Не 22.212 &100000000000004940000004,94%
Важечки гласови 449.324 &1000000000000988900000098,89%
Неважечки гласови 5.023 &100000000000001110000001,11%
Вкупно гласови 454.347 100.00%
Излезност &1000000000000265800000026,58%
Гласачко тело 1.709.536
Македонија
Flag of Macedonia.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Македонија






други земји
 Портал „Политика“
Плакат за собирање 100.000 потписи за референдумот

Референдумот од 2004 година бил распишан со цел изјаснување на граѓаните во врска со новоусвоениот Закон за територијална поделба на Република Македонија и бил одржан на 7 ноември 2004. Согласно Уставот на Република Македонија и Законот за референдум и граѓанска иницијатива од 1998, а по барање на 180.545 граѓани на Република Македонија со право на глас, Собранието на Република Македонија го распишало задолжителниот референдум за територијалната организација на Република Македонија.

На референдумот мнозинството се искажало против новата територијална поделба, но референдумот не бил успешен поради тоа што не бил постигнат законски потребниот процент од 51% излезеност на вкупното население.

Иницијатор за собирање на потписите бил Светскиот македонски конгрес.

Причини за референдумот[уреди]

Новата територијална организација на Република Македонија предизвика голем број на контроверзи и поделби во македонската јавност, главно поради етно-демографските импликации на новата територијална организација. Голем дел од Македонците, а и помал дел од албанското население сметаше дека со новата територијална организација се врши нарушување на етничката рамнотежа во Република Македонија. Во противници на предложената територијалната поделба вклучуваа се вброија повеќе опозициони партии, како и некои познати интелектуалци кои сметаа дека целиот процес на подготовка на новата територијална поделба се извршил крајно нетранспарентно, спротивно од волјата на граѓаните и дека е конципиран да направи етничка поделба помеѓу македонски и албански "територии". Некои од фактите и мислењата кои тие ги наведуваа се следните:

  1. Општина Гостивар која според старaта поделба имаше 26,54% Македонци, со припојување на општините Вруток, Долна Бањица, Чегране и Србиново се намали бројот на Македонците на 19,77%. Со ова одредбите од Рамковниот договор не важат за Македонците на локално ниво како малцинство.
  2. Општина Тетово според старата поделба имаше 28,17% Македонци, со припојување на општините Џепчиште и Шипковица нивниот број се намали на 23,16%, со тенденција да опадне под 20% поради високиот наталитет и константното доселување на Албанци од Косово, а со тоа Македонците да се најдат во иста ситуација како во Гостивар.
  3. Општина Струга имаше 47,94% Македонци и тие беа најбројни во општината, и со припојување на општините Велешта, Делогожди, Лабуништа и Луково бројот на Македонците опадна на 32,09%, а на Албанците се зголеми од 41,54% на 56,86%.
  4. На руралната Општина Чашка во Велешко (регионот Азот) покрај општините Богомила и Извор и се придадоа и селата Горно и Долно Јаболчиште (од Општина Велес) населени исклучиво со Албанци па така бројот на Албанците од само 7,47% скокна на 33,06% и со тоа ова историски-важно македонско подрачје станува двојазично со тенденција, поради големиот наталитет во албанските села, а нискиот во македонските оваа општина за некое време да стане мнозинско албанска.
  5. На Општина Долнени која се наоѓа во северниот дел на Пелагонија (Прилепското поле) и се придодаде општината Житоше па бројот на Македонци се намали од 41,79% на 36,57%,а бројот на Албанците и Бошњаците се зголеми (од 21,22% на 26,37% на Албанците и од 14,10% на 17,36% на Бошњаците) со што Долнени стана предоминантно муслиманска општина.
  6. Со припојувањето на општините Сарај и Кондово на Градот Скопје бројот на Албанците се зголеми од 15,30% на преку 20% со што главниот град на Република Македонија стана двојазичен. На Скопје му се придадоа уште 229 км квадратни и голем број села кои (некои немаат ни канализација ни телефонска мрежа) кои се оддалечени и повеќе од 20 км од него.

Поддржувачите на новата територијална организација, кои ги опфаќаа владејачките партии, како и некои невладини организации сметаа дека со оваа поделба се исполнуваат обврските од Рамковниот договор, а исто така се овозможува поголема независност на општините, односно фискална и физичка децентрализација, која би била невозможна доколку би постоеле микро-општини како во претходната организација.

Референдумска постапка и резултати[уреди]

На овој референдум гласачите со ЗА и ПРОТИВ се изјаснуваа по прашањето:

Дали сте за територијалната организација на локалната самоуправа (општините и Градот Скопје) утврдена со Законот за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.49/96) и Законот за градот Скопје (“Службен весник на Република Македонија бр.49/96)?

Гласањето се одвивало на 2.973 гласачки места, при што целата територија на Република Македонија беше една изборна единица.

Избор Гласови  %
За 427.112 95,06
Против 22.212 4,94
Неважечки гласови 5.023 1,11
Вкупно 454.347 100
Регистрирани гласачи/одзив 1.709.536 26,58

Согласно Уставот, референдумот бил прогласен за неуспешен затоа што не се изјасниле повеќе од половина од гласачите.

Политички импликации[уреди]

Зад иницијативата за референдум застана целокупниот опозиционен блок, додека владеачката коалиција предводена од СДСМ, стравувајќи од етнички поделби и тензии, се противеше на референдумската иницијатива и бараше граѓаните да не гласаат на референдумот, со паролата „Некои прашања не заслужуваат одговор“.

Меѓународната заедница исто така негативно се произнесе по референдумската иницијатива. Најгласни во тоа барањето беа САД кои два дена пред референдумот ја признаа Република Македонија под уставното име.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]