Црник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црник

Сретселото во Црник

Црник во рамките на Македонија
Црник
Местоположба на Црник во Македонија
Црник на карта

Карта

Координати 41°50′58″N 22°54′6″E / 41.84944° СГШ; 22.90167° ИГД / 41.84944; 22.90167Координати: 41°50′58″N 22°54′6″E / 41.84944° СГШ; 22.90167° ИГД / 41.84944; 22.90167
Регион  Источен
Општина  Пехчево
Област Пијанец
Население 571 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2326
Повик. бр. 033
Шифра на КО 01015
Надм. вис. 860 м
Црник на општинската карта

Атарот на Црник во рамките на општината
Црник на Ризницата

Црник — село во Општина Пехчево, во областа Пијанец, во околината на градот Пехчево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Влезот во селото

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во северниот дел на територијата на Општина Пехчево, чиј атар се допира со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото се наоѓа на надморска височина од 860 метри.[2]

Атарот е голем, кој зафаќа простор од 33 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 1.189 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.043 хектари, а на шумите 851 хектар.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Црник било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.107—    
19531.227+10.8%
1961978−20.3%
1971946−3.3%
1981927−2.0%
ГодинаНас.±%
1991869−6.3%
1994752−13.5%
2002707−6.0%
2021571−19.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Црник имало 1.600 жители.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци и 100 Турци.[5]

Црник во 1961 година имало 978 жители, од кои 520 биле Турци, 332 Македонци и 13 жители Срби. Во 1994 година бројот малку се намалил, поточно на 752 жители, од кои 331 Турчин, 231 Ром и 188 Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Црник живееле 707 жители, од кои 103 Македонци, 326 Турци, 267 Роми, 4 Срби и 7 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 571 жител, од кои 51 Македонец, 248 Турци, 224 Роми, 3 Срби, 1 останат и 44 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е прикажано движењето на вкупното население и етничка припадност во Црник:[8]

Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Ост. Лица без под. Вкупно
1948 1.107
1953 353 0 775 52 4 43 1.227
1961 332 0 520 13 113 978
1971 510 0 387 8 2 39 946
1981 284 0 386 239 0 18 927
1991 207 0 362 289 1 10 869
1994 188 1 331 231 0 1 752
2002 103 0 326 267 4 7 707
2021 51 0 248 224 3 1 44 571

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.

Родови[уреди | уреди извор]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:

  • Македонско-муслимански (Читаци) родови:
    • Староседелци: Чорбарци (1 к.), Цинговци (2 к.), Метковци (8 к.), Пиловци (7 к.), Јабокаровци (1 к.), Ошавовци или Черековци (2 к.), Муневци (2 к.), Шикаловци (4 к.), Емировци (2 к.), Смриковци (2 к.), Касаповци (5 к.), Дрклевци или Грутковци (12 к.), Маќевци (4 к.), Белимемовци или Амбовци (8 к.), Џитанци (4 к.), Туглијовци (1 к.), Мешковци или Тртевци (3 к.), Шамкаровци (3 к.), Цимерци (3 к.), Рамчовци (1 к.), Чепенковци (4 к.), Делимедовци (2 к.), Окаровци (1 к.), Ампалаковци (1 к.), Топузовци (5 к.), Муневци (1 к.), Кампелезовци (2 к.), Кантуровци (4 к.), Фетаовци (3 к.), Дестановци (1 к.), Нетепаровци (1 к.), Бакардановци (3 к.), Танки Суљовци (1 к.), Латовци (2 к.),
    • Со непознато потекло: Арнаутовци (6 к.)
    • Доселеници: Панчаровци (7 к.) доселени се во 1878 година од селото Панчарево; Џеваировци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Стар Истевник; Ајдиновци (1 к.) доселени се во 1937 година од селото Град.
  • Ромски родови:
    • Со непознато потекло: Зуламовци (5 к.), Абалијовци (4 к.), Ридарци (5 к.), Љумбевци (1 к.), Јочевци (7 к.) и Ламовци (2 к.)
  • Македонски родови:
  • Српски родови:
    • Доселеници: Видановиќи (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Јеловик кај Књажевац во Србија; Ристиќи (1 к.) и Михаиловиќи (1 к.) доселени се во 1932 година од околината на Врање; Неделковиќи (2 к.) доселени се во 1934 година од селото Панчарево, а таму од околината на Ужице.[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното основно училиште „Ванчо Китанов“

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Црник, во која единствено село било Црник.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Црник се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Негрево, Робово, Умлена и Чифлик.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Петка“

Во селото постои избирачко место бр. 0024 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 632 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 599 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви
Џамии[16]
Реки
Природни реткости[17]
  • Мелови — геоморфолошки форми со амфитеатрален изглед

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 314. Посетено на 21 мај 2018.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 229.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 мај 2018.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС Архивирано на 3 февруари 2020 г..
  9. Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.
  10. „Образование“. Посетено на 21 мај 2018.
  11. „Се уреди дворот на градинката во пехчевското село Црник“. Вечер. 24 април 2018. Посетено на 21 мај 2018.[мртва врска]
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 мај 2018.
  13. „Локални избори 2017“. Посетено на 12 декември 2017.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  15. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. „Биолошка разновидност“. Посетено на 21 мај 2018.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]