Путурус

Координати: 41°08′00″N 21°31′50″E / 41.13333° СГШ; 21.53056° ИГД / 41.13333; 21.53056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Путурус

Панорама на селото

Путурус во рамките на Македонија
Путурус
Местоположба на Путурус во Македонија
Путурус на карта

Карта

Координати 41°08′00″N 21°31′50″E / 41.13333° СГШ; 21.53056° ИГД / 41.13333; 21.53056
Регион  Пелагониски
Општина  Могила
Област Пелагонија
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7212
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02097
Надм. вис. 699 м
Слава Митровден
Путурус на општинската карта

Атарот на Путурус во рамките на општината
Путурус на Ризницата

Путурус — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на селото не е словенско. Најверојатно доаѓа од влашкиот збор „путурос“ (puturos) што означува смрдлив.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Пелагонија, во североисточниот дел на Битолското Поле, во источниот дел на територијата на Општина Могила.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 670 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 34 километри.[3]

Путурус е мало потпланинско село, сместено на падината Присој. Околни села се: Црничани, Алинци, Будаково и други.[2]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Барјак, Присој, Поројница, Шупуро, Клисури, Бел Камен, Шмрково, Шипо, Уткојца, Мртвица и Тумба.[2]

Селото има издолжен облик во насока север-југ. Не се дели на маала. Некои делови од селото се именувани по родовите, како Ѓековци, Долевци и други.[2]

Селото се наоѓа во котлината Пелагонија, североисточно од Битола и југоисточно од Могила.

Историја[уреди | уреди извор]

Путурус е старо село. Тоа се гледа по традицијата и по староседелскиот род Колевци. Мештаните кажуваат дека најпрвин постоело на месноста Тумба, северно од денешното село. Таму живееле старинците. Селото било преместено подолу поради подобрата снабденост со вода.[2]

На истата површина на која се наоѓа селото се смета дека постоела античка населба таканаречена Кула. Подоцна се среќава и во турскиот период. Во близина на селото се наоѓал турски чифлик..[4]

Во XIX век, Путурус било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото било двапати запалено. Најпрвин во 1906 година било запалено од грчки чети од мариовското село Маково. Второто палење се случило за време на Првата светска војна. По тоа опожарувањето, мештаните три години живееле во градот Прилеп.[2]

Добило електрична енергија во 1960 година.[4]

Легенда[уреди | уреди извор]

Легендата за настанувањето на селото кажува дека селото настанало од две братчиња од Егејска Македонија, кои останале без родители и за нив се грижеле некои стари баба и дедо. По неколку години, децата останале сами и започнале да се движат низ селата за да преживеат. Биле сместени и живееле во селото Канатларци, каде што на некој жител му ги чувале и паселе кравите. Пораснале во убави здрави момчиња и тогаш Турците сакале да ги земат како војници или да ги погубат. Човекот каде што работеле многу ги засакал и им рекол, заминете некаде подалеку за да се спасите. А тие одејќи по пат си велеле „Добро пус па рус сум“ (Пус-Рус) и така се создало селото, каде што се населиле и создале семејства.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 6,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 446 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 167 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948309—    
1953344+11.3%
1961371+7.8%
1971272−26.7%
1981198−27.2%
ГодинаНас.±%
199183−58.1%
199472−13.3%
200220−72.2%
20212−90.0%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Путурус било село со 28 домаќинства и 184 жители.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Путурус живееле 160 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Путурус имало 128 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Путурус се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 17 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]

Селото преминало од средно во мало, населено со македонско население. Така, тоа во 1961 година имало 371 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 72 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Путурус живееле 20 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 160 128 309 344 371 272 198 83 72 20 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови[уреди | уреди извор]

Путурус е македонско православно село, во селото има и староседелски и доселенички родови.

Родови во Путурус се: Колевци (1 к.), староседелци, тие се слаб сој, и отсекогаш имале една куќа; Ѓековци (28 к.), доселени се од некое село во Леринско, од Леринско не дошле директно во селото туку најпрво шетале по околните села, па дошле во Путурус, го знаат следното родословие: Грујо (жив на 78 г. во 1951 година) Лозан-Грујо-Анѓеле-Ѓеко, кој се доселил во селото, и кој го основал родот; Мурговци (5 к.), доселени се во XIX век од Добрушево; Темелковци (3 к.), потекнуваат од домазет, доселени се од селото Рибарци, овде влегле во родот Колевци и Долевци (7 к.), доселени се од селото Црничани, а таму се дојдени од селото Орле, Мариово.[2]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Поранешно основно училиште „Блаже Димитровски-Рогузинаро“

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Мусинци, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горно Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Будаково, во која влегувале селата Алинци, Будаково, Путурус, Радобор и Трап.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0215 според Државната изборна комисија, сместено во продавницата.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[17]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Димитриј“
Цркви[18]
Манастири

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Путурус

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од селото се иселил значителен дел на населението. Се знае за следниве родови: Соклевци (2 к.), живеат во Логоварди, Простиженовци (3 к.), живеат во Могила, Јошевци (1 к.), живеат во Радобор, Тренга (1 к.), живеат во Дедебалци. Од родот Ѓековци има иселеници во градовите Софија, Битола и Скопје. Од родот Колевци има иселеници во Билјаник и Оптичари.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 248. Посетено на 27 август 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-11-25. Посетено на 2019-08-11.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 76-77.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 246.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 август 2019.
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 27 август 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 27 август 2019.
  17. „Локални избори 2021“. Посетено на 17 октомври 2021.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]