Сопот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сопот е име на населени места и месности, топоним присутен во повеќе словенски земји во Европа. Од основната именка Сопот, се изведени и други именски форми за населени места, месности и географски предели како ридови, реки, езера, потоци.

Потекло и значење на именката Сопот[уреди]

За потеклото на името Сопот се смета дека доаѓа од исчезнатата именка сопот во словенските јазици со значење: 1. шумење, жуборење на вода; 2. извор, водопад[1]. Именката сопот може да означува: на старословенски: цевка; на српскохрватски: извор кој со силен шум продира од земјата, водопад; на словенечки: испарување, водопад, на бугарски: дрвена цевка низ која тече вода, вода што тече низ бразда[2].

Околу потеклото и значењето на името Сопот може да се поврзе и претпоставката за потеклото на името на Сопиште од лингвистот П.Скок, кој сметал дека е изведено од глаголот (ст. слов.) сопсти, но не во значење на пеење туку на задишување[3]. Според тоа, името Сопиште означува тешко пристапно место во ридски предел до кое треба да се задиши човек додека да дојде[4].

За потеклото и значењето на името Сопот, може да се поврзат и глаголот сопна, сопнување од современиот македонски јазик, што означува тешкотии при одењето и пристапноста, што може да укажува на тоа дека Сопот означува тешко достапно, односно место со отежнат пристап, што донекаде може да се поткрепи со ридската местоположба на селата со имиња Сопот во Македонија.

Населени места со име Сопот[уреди]

Населени места со име Сопот, или именски облици изведени од именката Сопот се среќаваат во повеќе словенски земји во Европа, како и во земји во кои живее словенско население како што се места со тоа име во кои живеат Македонци во Албанија и Грција.

Македонија[уреди]

  • Сопот - село во Свети Николе;

како и селата чии имиња се изведени од именката Сопот-:

Бугарија[уреди]

  • Сопот - село во Ловеч, Бугарија;
  • Сопот - вештачко езеро во Бугарија

Полска[уреди]

Хрватска[уреди]

  • Сопот - археолошки локалиет во хрватска;

Србија[уреди]

Албанија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Иванова Олга. „Речник на топонимите во областа по сливот на Брегалница“. Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, 1996. стр. 547
  2. Иванова Олга. „Речник на топонимите во областа по сливот на Брегалница“. Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, 1996. стр. 547
  3. Трифуноски Ф.Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет на Универзитетот Скопје, 1958 год. стр.128
  4. Трифуноски Ф.Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет на Универзитетот Скопје, 1958 год. стр.129