Грачани

Координати: 42°05′18″N 21°17′37″E / 42.08833° СГШ; 21.29361° ИГД / 42.08833; 21.29361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Грачани

Сокак во Грачани

Грачани во рамките на Македонија
Грачани
Местоположба на Грачани во Македонија
Грачани на карта

Карта

Координати 42°05′18″N 21°17′37″E / 42.08833° СГШ; 21.29361° ИГД / 42.08833; 21.29361
Регион  Скопски
Општина  Ѓорче Петров
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1060
Повик. бр. 20
Шифра на КО 25060
Надм. вис. 580 м
Грачани на општинската карта

Атарот на Грачани во рамките на општината
Грачани на Ризницата
Џамијата во Грачани.

Грачани — село во Општина Ѓорче Петров, во околината на градот Скопје. Денес нема жители.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина, помеѓу долините на реките Вардар и Лепенец. Атарот на север се граничи со Општина Качаник во Косово.[3] Ова е ридско село, на надморска височина од 580 м.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 15 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 58 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 122 жители.[4]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Грачане (Gračane) како албанско село.[5]

На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го означил Грачане како албанско село.[6]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција. Атарот зафаќа површина од 9,2 км2. Според податоци од 1990-тите, највеќе простор зафаќат шумите (441 ха), потоа пасиштата (269 ха), а на обработливо земјиште отпаѓаат 174,1 ха.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948383—    
1953392+2.3%
1961414+5.6%
1971442+6.8%
1981358−19.0%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199421—    
20020−100.0%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.[7]

Селото доживеало пораст на населението во повоениот период. Забележан е релативно благ пад на бројноста во текот на 1970-тите, со 358 жители во 1981 г. На пописот од 1991 г. во Грачани не е заведен ниеден жител, што се должи на фактот што тоа било меѓу селата кои целосно го бојкотирале пописот.[8] Ова не ја изменило стварноста дека селото речиси се испразнило, бидејќи на пописот три години подоцна е забележан само 21 жител, а во текот на следните години било сосема е напуштено. Според пописот од 2002 година, Грачани немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 383 392 414 442 358 0 21 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 86. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  5. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  6. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Фусноти кон пописите на населението во Македонија Архивирано на 16 февруари 2022 г. — Државен завод за статистика, база МАКСтат
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]