Устав на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Македонија
Flag of Macedonia.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Македонија






други земји
 Портал „Политика“

Уставот на Македонија претставува највисок правен со кој се дефинира државното уредување на Република Македонија.

Развиток на Уставите на Република Македонија[уреди]

Уставниот развиток на Македонија од 1946 до 1991 може да се подели на 3 периоди:

Устав од 31 декември 1946[уреди]

Првиот уставен период започнува со донесувањето на уставот од 31 декември 1946 година, со кој Македонија се конституира под името Народна Република Македонија, во рамките на СФРЈ. Овој уставен период се карактеризира со мошне динамични промени кои фактички ги менуваа и основните уставни институции. Во овој период се разликуваат две основни фази. Граничната линија помеѓу фазите е во 1953 година, односно донесувањето на Уставниот закон за општествено и политичко устројство и за органите на власта на Народна Република Македонија. На овој Уставен закон му претходело денесувањето на Основниот закон за управување на државните стопански претпријатија и повисоките стопански здруженија од страна на работните колективи, познат и како Закон за работничко самоуправување од 1950 година. Овој устав е од особено значење бидејќи со него се санкционира вољата и правото на самоопределување на Македонците за сопствена државност, и обединување со другите народи во тогашната ФНРЈ. Овој устав по дефиниција спаѓа во групата на реални устави.

Устав од 25 февруари 1974[уреди]

Овој втор уставен период, со кој Македонија станува Социјалистичка Република Македонија. Овој период и овој устав е карактеристичен бидејќи означува судир помеѓу етатизмот и самоуправувањето. Битно е дека уставот не е веќе само највисок законски акт, туку и еден вид Општествена повелба.

Устав од 17 ноември 1991[уреди]

Граѓаните на Република Македонија на референдумот одржан на 8 септември 1991 година, плебисцитарно самопотврдувајќи ја државноста и сувереноста на Република Македонија ја изразија својата волја и го дадоа својот глас Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна држава Македонија, што уставно-правно се заокружи со донесувањето на Уставот на Република Македонија на 17 ноември 1991 година.

Според Уставот, општествено-економскиот и политичкиот систем на Републиката се заснова на принципот на владеење на правото, човековите слободи и права, поделбата на власта, пазарната економија и другите темелни вредности на современото демократско општество.

Уставот на Република Македонија е највисок правен акт во Република Македонија. Донесен е на 17 ноември 1991 година и досега има претрпено 32 амандмански промени: во 1992 (амандмани 1 и 2), 1998 (амандман 3), 2001 (амандмани 4-18), 2003 (амандман 19), 2005 (амандман 20-30), 2009 (амандман 31) и 2011 (амандман 32). Инаку, Уставот е составен од Преамбула и членови. Членовите на Уставот се поделени во неколку глави:

  1. Основни одредби
  2. Основни слободи и права на човекот и граѓанинот
  3. Организација на државната власт
  4. Уставен суд на Република Македонија
  5. Локална самоуправа
  6. Меѓународни односи
  7. Одбрана на републиката, воена и вонредна состојба
  8. Измена на уставот
  9. Преодни и завршни одредби

Темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија[уреди]

Во член 8 став 1 од Уставот се дефинирани темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија:

  • основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот;
  • слободното изразување на националната припадност. Соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа;
  • владеењето на правото;
  • поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;
  • политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;
  • правната заштита на сопственоста;
  • слободата на пазарот и претприемништвото;
  • хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;
  • локалната самоуправа;
  • уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата и
  • почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.

Надворешни врски[уреди]