Искар
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Искар | |
Искр во Герман |
|
| Извор | Чанакѓолски Езера под Рила |
|---|---|
| Устие | Дунав кај селото Гиген |
| Земји во сливот | |
| Должина | 368 km |
| Надм. вис. на изворот | 2.500 m |
| Сливно подрачје | 8.650 km² |
Искар (бугарски: Искър, латински: Oescus, Ескус) е река во западниот дел на Бугарија. Долга е 368 km (најдолгата во земјата) и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 8.650 km². Реката Искар извира од планината Рила и е единствената река која поминува низ Стара Планина. Се влива во реката Дунав во близина на селото Гиген.[1]
Реката Искар се формира од спојувањето на три реки: Бел Искар, Лев Искар и Црн Искар. За негов почеток се смета реката Бел Искар, кој извира од Чанакѓолските Езера на надморска висина од 2.500 m.[2].
Реката формира два клисури „Панчаревска“ и „Искарска“, карактеристични со интересни карпести формации на чии падини се сместени бројни манастири. На неа се наоѓаат вештачките езера Искар, Пасарел и Панчарево.
[уреди] Наводи
- ↑ www.journey.bg/Река Искр
- ↑ Трудове на института по хидрология и метеорология том XVI Езерата в България, София, 1964, стр.86
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Искар“ |