Морава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Морава
Morava, March, Morva
Река
Вливот на Морава во Дунав во Братислава-Девин
Земји Чешка, Словачка, Австрија
Региони Пардубички, Оломоучки, Злински, Јужноморавски, Трнавски, Братиславски, Долна Австрија
Притоки
 - леви Крупа, Брана, Десна, Рохелница, Оскава, Бечва, Джевница, Струха, Мијава
 - десни Мировка, Даја
Градови Оломоуц, Велике Лосини, Рапотин, Викиржовице, Шумперк, Судков, Постшелмов
Извор
 - место Кралицки Снежник
Утока Дунав
 - местоположба Братислава

Морава (чешки и словачки: Morava; германски: March; унгарски: Morva) — река во Средна Европа. Ова е најважната река во областа Моравија, која е наречена по неа. Извира во планината Кралицки Снежник, во североисточниот дел на Пардубичкиот крај, кај чешко-полската граница и тече во јужен правец. Долното течение ја образува границата помеѓу Чешка и Словачка и помеѓу Австрија и Словачка.

Рамничарски предели долж реката се Горноморавската Долина (Hornomoravský úval) и Долноморавската Долина (Dolnomoravský úval) во Моравија, Моравското Поле (Marchfeld) (низината помеѓу североисточниот дел на Виена и реката Морава) во Долна Австрија и Загорската Низина (Záhorтоská nížina) помеѓу Моравија и Братислава) Словачка.

Единствените поважни градови по течението на реката се Оломоуц во Чешка и Братислава во Словачка. По околу 354 км, Морава се влева во Дунав кај Братислава-Девин, со просечен истек од 120 м3/с. Необично за оваа река е тоа што е единствената во Европа коај има пигментација и киселост благодарение на бавен тек низ шумски предели — појава обично застапена во прашумските предели во сливот на Амазон и Ориноко.

Најважна притока на Морава е реката Даја, која рече во пограничните предели помеѓу Моравија и Долна Австрија. Друга поважна притока е Мијава, која се влева во Моорава кај селото Кути.

Долното течение, низводно од вливот на Даја и Хоенау на Марка, ја бележи границата помеѓу Австрија и Словачка. Ова е една од последните преостанати природни граници во Европа. Реката била источна граница на Австриското маркгрофство (Источна марка) од XI век, како и граница помеѓу франкиското царство на Каролинзите и Аварскиот Каганат во IX век.

Галерија[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]