Драва

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Драва
Drau, Drave, Dráva
Река
Реката во Осиек, Хрватска
Земји Италија, Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија
Градови Лијенц, Шпитал, Вилах, Ферлах, Дравоград, Вузеница, Мута, Руше, Марибор, Птуј, Ормож, Вараждин, Осиек, Барч
Извор Во близина на Јужен Тирол
 - место Тоблах, Јужен Тирол, Италија
 - височина 1.450 м
 - координати 46°43′09″ СГШ 12°15′16″ ИГД / 
Утока Дунав во близина на Осиек
 - координати 45°32′38″ СГШ 18°55′31″ ИГД / 
Должина 707 км
Слив 11.828 км²
Карта на реката Драва
Карта на реката Драва

Драва или Драве (унгарски: Dráva; германски: Drau; италијански, хрватски и словенечки: Drava) — река во јужниот дел на Централна Европа, притока на реката Дунав. Извира во Тоблах/Добиако, Италија, и тече источно кон Источен Тирол и Корушка во Австрија, кон Словенија (142 км),[1] и потоа југоисточно, поминува покрај Хрватска и го формира поголемиот дел од границата помеѓу Хрватска и Унгарија, пред да се влее во Дунав во Осиек.

Преглед[уреди]

Во античките времиња реката се викала Дравус. Името е најверојатно Келтско или пред-Келтско по потеклото. Драва и Шпељ се единствените две реки кои потекнуваат од Италија и се влеваат во базенот на Дунав. Реката е четврта најголема и најдолга притока на Дунав.[2] Главни притоки на Драва се:

Драва тече низ градовите: Иничен во Италија, Лијенц, Шпитал, Вилах, и Ферлах во Австрија, Дравоград, Вузеница, Мута, Руше, Марибор, Птуј, и Ормож во Словенија, Вараждин и Осиек во Хрватска, и Барч во Унгарија.[1]

Хидролошките параметри на Драва редовно се следат во Хрватска кај Ботово, Терезино Поле, Долни Михољач и Осиек.[3]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Reke, dolge nad 25 km, in njihova padavinska obmocja“ (на словенски, англиски). Статистичко биро на Словенија. 2002. http://www.stat.si/letopis/1998/01_98/01-10-98.asp?jezik=en. 
  2. Klement Tockner, Urs Uehlinger, Christopher T. Robinson (2009), Rivers of Europe, Academic Press, no nr., ISBN 978-0-12-369449-2
  3. „Daily hydrological report“. Хидрометереолошко биро на Хрватска. http://hidro.hr/hidro_e.php?id=hidro&param=Podaci_e. конс. 9 септември 2010. 

Надворешни врски[уреди]

Галерија[уреди]