Географија на Австрија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Содржина |
Мстоположба [уреди]
Австрија е држава која се наоѓа во Централна Европа.
Граници [уреди]
Австрија се граничи со Германија и Чешка на север, Словачка и Унгарија на исток, Италија и Словенија на југ, и Швајцарија и Лихтенштајн на запад.
Плоштината на Австрија изнесува 84000 km², и според неа се наоѓа на 112 место во светот. Австрија е планинска земја. Најголем простор од нејзината територија зафаќаат Алпите. Тие се делат на Салцбуршки во северниот дел, во средишниот Таври, а на југ Карнишкорушки Алпи. Во западниот дел на Австрија Алпите се високи, а во источниот дел тие се пониски и со своите падини постепено се спуштаат до Панонската Низина. Алпите се богати со шуми и пространи пасишта.
Население [уреди]
Австрија има 8,356,707 жители (2009), а густината на населението изнесува 99/km2 жител на км². Главниот град Виена со 1,631,082 жители е најголемиот град во земјата.
Клима [уреди]
Во Австрија климата е умерено-континентална, континентална и планинска. Најголемо сообраќајно значење за Австрија има реката Дунав. Преку неа Австрија се поврзува со сите подунавски земји. Други поголеми реки се Драва и Мура.
Австрија од рудното богатство има железна, олово-цинкова руда, камен јаглен, нафта и друго. Австрија е високоразвиена индустриска и земјоделска земја.
