Географија на Италија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Географски координати :

Мстоположба[уреди]

Италија е јужноевропска земја, географски сместена на Апенинскиот полуостров и два големи острови во Средоземно море: Сицилија и Сардинија.

Граници[уреди]

Вкупната површина на земјата изнесува 301.338 km², и според тоа се наоѓа на 89 место по големина во светот. На север преку Алпите се граничи со Франција, Швајцарија, Австрија и Словенија. Независните земји Сан Марино и Ватикан се сместени на Италијанска територија.

Главниот град Рим е најголемиот во државата со oколу 2 707 603 жители.

Население[уреди]

Според пописот, вкупното население во Италија е oколу 59.619.290 жители. Густината на населеноста е 197/km2 жители на квадратен километар.

Клима[уреди]

Италија е планинска земја со високите Алпи на север (Монте Бјанко/Мон Блан, 4.807 m) и Апенините во централниот дел на Апенинскиот Полуостров (Монте Корно, 2.914 m). Јужно од Алпите се протега големата низина Ломбардија во долината на По, а мали низини се простираат во некои крајбрежни региони. Во јужниот дел има неколку вулкани, меѓу кои активни се Везув, Вулкано, Етна и Стромболи.

Хидрографија: реки – Адиџе, Арно, По, Талјаменто и Тибар; езера – Болсано, Гарда, Комо, Маџоре и Тразимено. Клима: средоземна на островите и во поголемиот дел на Полуостровот, умерено-континентална во Ломбардија и планинска во северните алпски области.