Липарски Острови

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Липарски (Еолски) Острови*
Светско наследство на УНЕСКО

Карта на Липарските Острови
Држава Италија
Тип природен
Критериуми viii
Навод 908
Регион** Европа и Северна Америка
Записно минато
Запис 2000  (XXIV заседание)
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Липарските Острови или Еолски Острови (италијански: Isole Eolie; сицилиски: Ìsuli Eoli) се вулкански архипелаг во Тиренското Море северно од Сицилија. Името „Еолски“ го добиле по полубогот на ветриштата Еол.[1] Островите се популарно туристичко место во летните месеци и добиваат по 200.000 посетители годишно.

Најголем остров е Липари, по кој е наречена целата група. Другите острови се Вулкано, Салина, Стромболи, Филикуди, Аликуди, Панареја и Базилуцо.

Географија[уреди]

Поглед од Вулкано: Липари е во средината, Салина е лево, а Панареја е десно.

Островите го добиле денешниот облик како последица од вулканските активности во текот на 260.000 години. Има два активни вулкана - Стромболи и Вулкано. Највеќето острови имаат фумароли (отвори што чадат) и топли води.

Научно, архипелагот претставува „вулкански лак“ кој настанал со движењата на Земјината кора предизвикани од тектониката на плочите. Африканската континентална плоча постојано се движи кон Европа. Досегашните судири создале расцепи во Земјината кора, низ кои излегувала магма. Лакот се протега повеќе од 140 км, но геолошки нестабилното подрачје е многу поголемо, и ги опфаќа Сицилија, Калабрија, Кампанија, заедно со Грција и егејските острови.

Островите збирно зафаќаат површина од 1.600 км2 и водат потекло од големата рамница на дното на Тиренското Море. Тлото на длабочина до 3.600 почнало исфрла лава, образувајќи ги Липарските Острови заедно со Устика и низа подводни вулкани како Мањани, Вавилов, Марсили и Палинуро и уште два безимени вулкана.

Профил[уреди]

Со цел да се запазат во нивната природна состојба, градежните работи на островите се строго ограничени. Новите објекти подлежат на многу правила и забрани, а постоечките мора да се обноват во стилот на традиционалните варосани куќи. Овие куќи се во облик на наменски коцки изградени од локални градежни материјали како што се каменот, лавата, пемзата и туфот. Речиси сите имаат голем надворешен простор надвиснат со лозници и ползечки цвеќиња. Фасадите, балконите и каскадите се претежно украсени со шарени теракотни плочки во живи бои, што е оставнина од времето на шпанска власт над островите во далечното минато.

Наводи[уреди]

  1. Mike Dixon-Kennedy. „Encyclopedia of Greco-Roman mythology“. стр. 15. 

Надворешни врски[уреди]