Сицилиски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сицилиски
Sicilianu
Застапен во Сицилија, Калабрија (средна и јужна), Кампанија (Чиленто), Апулија (Саленто, Лече), Малта
Говорници 6,8 милиони  (2010)
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-2 scn
ISO 639-3 scn
Linguasphere

51-AAA-re & -rf

(mainland 51-AAA-rc & -rd)
Dialetti italiani meridionali estremi.jpg

Сицилискиот (изворно: lu sicilianu или siculu; италијански: lingua siciliana) е јазик од романското семејство. Се говори на островот Сицилија и помалите околни острови, во јужна Калабрија (каде се нарекува јужнокалабриски), во јужните делови на Апулија, Саленто (каде се нарекува салентски) и во Кампанија, каде се нарекува чилентски (Gordon, 2005). „Етнолог“ го опишува сицилијанскиот како „достатно различен од литературниот италијански за да се смета за посебен јазик“ (Gordon).

Говорници[уреди]

Денес јазикот го говорат највеќето жители на Сицилија, како и иселеништвото низ светот, особено во САД, Канада, Австралија и Аргентина. ВО последните две до три децении, голем број на сицилијанци се преселиле во индустриските подрачја во северна Италија и остатокот од Европската Унија, особено во Германија.

Сицилискиот нема службен статус никаде, па дури ни во Сицилија и нема установа што го регулира. Најблиску до надлежност за јазикот е Центарот за сицилиски филолошки и лингвистички изучувања (Centro di studi filologici e linguistici siciliani) во Палермо, кој го истражува јазикот и објавува лингвистички дела уште од неговото основање во 1951 г.[1]

Автономниот регионален парламент на Сицилија има донесено законски уредби за изучување на сицилискиот јазик во сите училишта, но реализацијата досега е мошне бавна (Cipolla, 2004).

Јазикот официјално се признава во општинските статути на сицилиските градови како Калтаџироне[2] и Грамикеле,[3] каде се прогласува „неотуѓивата историска и културна вредност на сицилискиот јазик“. Предвидена е и заштита и промовирање на јазикот согласно Европската повелба за регионални и малцински јазици (ECRML), но италијанскиот парламент досега не го има потврдено предлог-законот.[4]

Во разните сицилиски заедници во САД и Канада (особено во Монтреал), јазикот е зачуван и се изучува во семејството и преку културни и фолкорни друштва и црковни организации, а постојат и друштвени групи на интернет.[5][6][7]

Име на јазикот[уреди]

Името на јазикот доаѓа од најголемиот древен староседелски народ на Сицилија наречен Сикули, кој живеел на островот пред доаѓањето на Грците во VIII век п.н.е..

Дијалекти[уреди]

Како и другите јазици, сицилискиот има свои дијалекти, што припаѓаат на следниве наречја (Gordon и Bonner 2001):

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Википедија
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на сицилиски јазик