Отрантска Врата

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Отрантската Врата на карта

Отрантска Врата (албански: Kanali i Otrantos; италијански: Canale d'Otranto) — проток што ги поврзува Јадранското и Јонското Море Италија from Албанија. Во најтесниот дел кај Отрантскиот ’Рт (Палашија) источно од Саленто, протокот е широк само 72 км.[1] Протокот е наречен по италијанскиот град Отранто.

За време на Првата светска војна, протокот имал големо стратешко значење. Италија, Франција и Велика Британија во него сместиле лесни пловила, попречувајќи ѝ го влезот на Австроунгарската воена морнарица во Средоземното Море.

Истите барикади не можеле да се справат со германските подморници кои успешно напаѓале во Јадранот и Средоземното Море во текот на целата војна.[2]

Во денешно време протокот се соочува со голем број на нелегални имигранти кои албанската мафија ги криумчари на бродови.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Frank K. McKinney (2007). „The Northern Adriatic Ecosystem: Deep Time in a Shallow Sea“. Columbia University Press. стр. 29. ISBN 978-0-231-13242-8. http://books.google.com/books?id=TuxEf_Yn4YkC&pg=PA29. конс. 6 март 2013. 
  2. First World War - Willmott, H.P., Dorling Kindersley, 2003, стр. 186