Географија на Холандија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Географски координати :

Холандија е кралство кое се наоѓа во Западна Европа.

Граници[уреди]

Вкупната површина на земјата изнесува 41.526², и според тоа се наоѓа на 135 место по големина во светот. Земјата граничи со Северното Море на север и запад, со Белгија на југ и со Германија на исток.

Главниот град Амстердам е најголемиот во државата со oколу 1 500 000 жители.

Население[уреди]

Според пописот, вкупното население во Холандија е oколу 16,500,156 жители. Густината на населеноста е 396/km2 жители на квадратен километар.

Клима[уреди]

Холандија е една од најнископоставените земји во светот. Околу поливина од нејзината територија се наоѓа под еден метар надморска висина. На нејзинат територија се наоѓаат четирите делти на нејзините најголеми реки: Рајна, Ваал, Меза. Холандија е на трето место на најгусто населените земји во светот. Највисокиот дел на Холандија се наоѓа на 321 метар.

Холандија има морска клима со благи зими и умерени лета. Климата е под влијание на Северното море кое цела година ја регулира. На север температурата е цела година малку пониска од температурата на југ. Крајбрежните, југо-западните, западните и северните провинции имаат во есенските и зимските месеци поблага клима отколку источните и северо-источните провинции. Во лето се источниот дел од брабант и северниот дел од Лимбург од прилика најтоплите предели. Просечно најстудениот месец во повеќето предели е Јануари, а најтоплиот месец е Јули. Во последниве години се зголеми просечната температура во Холандија.

Најсончевите делови во Холандија се западниот дел од Зеланд, и северо-западниот дел од јужна Холандија. Со исклучок на островот тексел со 1600-1700 сончеви часови. Просечно 790 mm. дожд во годината.