Географија на Португалија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Португалија е држава на западниот и југозападниот дела на Иберискиот Полуостров во југозападна Европа; таа е најзападната земја во континентална Европа..
Граници[уреди]
Вкупната површина на земјата изнесува 92,345 km² , и според тоа се наоѓа на 110 место по големина во светот. Граничи со Шпанија на север и исток и со Атлантски Океан на запад и југ. Во продолжение, Португалија содржи неколку острови сред Атлантикот, вклучувајќи ги Азурите (Açores) и Мадеира.
Главниот град Лисабон е најголемиот во државата со околу 600 000 жители.
Население[уреди]
Според пописот, вкупното население на Португалија е oколу 10.848.692 жители. Густината на населеноста е 114 km² жители на квадратен километар.
Клима[уреди]
Португалија е една од најтоплите држави во Европа со атланско-медитеранска клима. Пролетта и летото обично се топли а во јули и август температурите се движат од 30–35 °C во централниот дел и до 45 °C во внатрешноста и јужниот дел на земјата. Есента и зимата се врнежливи а температурите достигаат до -5 °C. Снежни врнежи има на повисоките места во планинските предели на север. Средните годишни температури се движат од 13 °C на север и 18 °C на југ.
Источниот дел од Португалија е претежно планински, додека западниот е низински. Северниот е планински, каде течат реките Мињо и Доуро.
|
||||||||||||||
