Географија на Андора

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Географски координати 42°30′N 1°30′E / 42.5°N 1.5°E / 42.5; 1.5

Содржина

[уреди] Местоположба

Андора е држава која се наоѓа во југоисточниот дел на Пиринејскиот полуостров во југозападна Европа.

[уреди] Граници

Андора се граничи на север и на исток со Франција, а на запад и на југ со Шпанија.

Плоштината на Андора изнесува 468 km², и според неа се наоѓа на 193 место во светот. Андора на север е комплетно заградена од Пиринеите. Во северозападниот дел се наоѓа врвот Кома Педроса ( 2.946 m), највисоката точка во замјата. Освен тој, има уште неколку врвови кои надминуваат 2900 метри надморска височина. Долината на реката Валира ја отвора кон југ природната врска кон Шпанија. Сепак, најголемиот дел на Андора се наоѓа во долината на реката Ебро, која продолжува во североисточна Шпанија.

[уреди] Население

Андора има 70.549 жители (јуни 2005), а густината на населението изнесува 151 жител на км². Околу 92 проценти од населението живее во град. Андора ла Вела со околу 25.000 жители е најголемиот град во земјата. Домородното население по културата и јазикот е од каталонско потекло. Тие денес изнесуваат 29% од вкупното население на Андора. Остатокот главно го сочинуваат француски и шпански имигранти, кои добиваат дозвола за престој според еден строг систем (ограничување на бројот на имигранти на годишно ниво). Официјалниот јазик е каталонски, кој се зборува од страна на 30% од вкупното население. Мнозинството зборува шпански, а околу 7% од населението го зборуваат францускиот јазик. Поради фактот што речиси сите жители во Андора се католици, доста внимателно се негува верата во културниот и социјалниот живот. Како пример за тоа се разводите, кои во Андора се забранети со закон.

[уреди] Клима

Годишните врнежи на метар квадратен изнесуваат околу 2.000 m. на повисоките места и околу 700 mm. во долините. Летата се обично кратки, но во долините е доста топло.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици