Валира

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Валира низ Андора ла Велја

Валира (каталонски: Valira) — најголема река во Андора. Тече низ главниот град, Андора ла Велја, и излегува од земјата на југ, близу граничниот премин во Шпанија.

Реката е притока на Сегре, која пак се влева во Ебро. Валира му се придружува на Сегре кај Сеу д'Ургељ. Главни притоки се Источна Валира, Северна Валира[1] и Мадриу. Реката е долга 35 км.

Наводи[уреди]

  1. кат. Valira d'Orient и Valira del Nord