Географија на Грција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Географски координати : 39°00′N 22°00′E / 39.000° СГШ; 22.000° ИГД / 39.000; 22.000

Грција е држава која се наоѓа во југоисточна Европа во јужниот дел од Балканскиот Полупстров.

Граници[уреди | уреди извор]

Вкупната површина на земјата изнесува 131,990 км2, и според тоа се наоѓа на Список на држави и територии по површина|96 место по големина во светот. Има копнени граници со Бугарија, Македонија и Албанија на север, и со Турција на исток. Грција граничи на исток со водите на Егејското Море, на запад Јонското Море и на југ со Средоземното Море. И двата дела на источниот средоземни басен имаат голем број на острови.

Главниот град Атина е најголемиот во државата со околу 3.686.371 жител.

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2005, вкупното население во Грција е околу 11.216.708 жители. Густината на населеноста е 84/km2 жители на квадратен километар.

Клима[уреди | уреди извор]

Грција се состои од планинско, полуостровско копно кое излегува на море на јужниот дел на Балканот, пелопонескиот полуостров (одделен од копното со Коринтскиот Канал), и бројни острови (1400, од кои 227 се населени), вклучувајќи ги Крит, Евбеја, Лезбос, Хиос, Додеканезите и Кикладите, островски групи во Егејското Море, како и островите во Јонското Море. Грција ја има десеттата најдолга брегова линија во светот со должина од 14.880 км; нејзините копнени граници се долги 1.160 км.

Четири петтини од територијата на Грција се планини или ридови, што ја прави државата една од најридестите во Европа. Олимп, жариште на грчката култура низ историјата кулминира на врвот Митикас (2917 m), највисок во државата. Некогаш се сметал за престол на боговите, а денес е многу популарен кај планинарите. Западна Грција има голем број на езера и мочуришта, а доминантен е планинскиот венец Пинд. Пинд достигнува максимална височина од 2673 метри на врвот Смолика и претставува продолжение на Динаридите. клисурата Вик е уште една спектакуларна образба и привлечна точка за љубителите на екстремен екстремните спортови.

Венецот продолжува низ централен Пелопонез, поминува низ островите Китира и Андикитира и стигнува сè до југозападниот Егеј, на островот Крит каде што и завршува. Островите на Егејот се врвови на подводни планини кои некогаш претставувале продолжение на копното. Пинд е окарактеризиран со високи и стрмни врвови, често пресекувани од бројни кањони и разни други карстни форми. Најпозната таква форма е формацијата Метеора која се состои од високи стрмни карпи и претставува незаборавно искуство за стотиците илјади туристи кои ја посетуваат областа секоја година.

Североисточна Грција има уште еден висок планински венец, Родопскиот венец, кој се протега низ периферијата Источна Македонија и Тракија; оваа област е покриена со густи антички шуми. Познатата шума Дадиа е во префектурата Еврос, во далечниот североисток на земјата.

Пространите низини се наоѓаат примарно во префектурите Тесалија, Централна Македонија и Тракија. Тие претставуваат клучни економски региони бидејќи тие се едни од ретките региони со обработлива земја во државата. Ретки морски делфини и желки живеат во морињата околу континентална Грција, додека нејзините густи шуми се населени со кафеави мечки, риссови, елени и диви кози.